Виланова ќе ја води Барселона против ПСЖ

Тито Виланова во вторник на „Паркот на принцовите“ во Париз ќе ги води фудбалерите на Барселона во првиот четврт- финален дуел против ПСЖ во Лигата на шампионите.





Виланова по два месеци мината во Њујорк на рехабилитација по операцијата на жлездата, во вторник ќе се врати на клупата на Каталонците .
-Во план е Тито Виланова да патува со нас за Париз, соопштено е на официјалниот сајт на Барселона.

Во отсуство на првиот тренер Виланова во изминатите два месеца Барселона ја водеше неговиот помошник Џорди Роура.
Во клупското соопштение се наведува дека за Париз ќе патуваат и фудбалерите Чави и Жорди Алба кои се повредени и нивниот настап е под знакот на прашалник.
притисни ентер