Фергусон :Чичарито останува во Манчестер Јунајтед

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс фергусон не би бил тоа што еден од најдобрите светски тренери, ако веќе пред крајот на сезоната не би започнал да ги прави плановите за следната сезона.





Во медиумите циркулираат информации дека блиску до Јунајтед се Гареја и Гаитан и  дека е Заха веќе резервиран, а како еден од оние што би требало да си замине од Олд Трафорд е посочен Мексиканецот Чичарито.
Сепак легендарниот Фергусон ги демантира овие информации со пораката дека Чичарито останува.

-Хавиер има договор и нема да го продадеме. Јас секогаш разговарам со играчите , и на него му кажав дека ми беше посебно тешко што често го оставав на резервната клупа, но и  дека едноставно така се  наредија работите сезонава , изјави Фергусон.

24 годишниот Чичарито сезонава како златна резерва во сите натпреварување во дресот на Манчестер Јунајтед постигна 16 голови.
притисни ентер