Меси : Рекордниот низ од 19 средби со постигнат гол, за мене не е многу значаен

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси истакна дека за него не е многу значајно тоа што го продолжи рекордниот низ на постигнати голови.





Меси синоќа во ремито на Барселона  против  Селта од 2-2  постигна гол на 19 последователен натпревар , што значи дека аргентинскиот волшебник има постигнато погодок против сите ривали во шпанскиот Примера дивизион. 

По синоќешното реми со Селта Меси изјави:

-Најмалку важна работа во моментов е тој  рекорден низ. Имав среќа да бидат стрелец  на тие  средби и да му помогнам на мојот тим. Но, тоа не е толку значајно. Сакавме да победиме, целиот тим се бореше за тоа , но едноставно  на крајот не успеавме да стигнеме до победа.

Иако Тито виланова се уште го нема на клупата на Барселона, Меси истакна дека на целиот тим му е многу значајно што тренерот е со нив.

„Тито изгледа одлично и навистина за нас е многу важно што тој се врати “, порача Меси. 
притисни ентер