Реми на Барселона и Реал Мадрид, Меси до нов рекорд



Водечките две екипи во Примера Барселона и Реал Мадрид синоќа на гостувањата одиграа нерешено. Барселона ремизираше со Селта - 2:2, додека Реал Мадрид одигра - 1:1 со Сарагоса.

Вториот гол за Барселона го постигна Лионел Меси и со тоа постави нов рекорд во Шпанското првенство, успевајќи да и даде гол на секоја екипа и тоа на 19 натпревари во низа.

На другите натпревари од 29.коло одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Леванте - Севиља 1:0 и Рајо Ваљекано - Малага 1:3.

Денеска на програмата се исто така четири натпревари: Ваљадолид - Осасуна, Мајорка - Депортиво, Еспањол - Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид - Валенсија.

Колото ќе биде комплетирано со утрешните два дуела: Атлетик Билбао - Гранада и Бетис - Хетафе.

Табела: Барселона 75 бодови, Реал Мадрид 62, Атлетико Мадрид 60, Реал Сосиедад 47, Малага 47, Валенсија 45, Бетис 43, Хетафе 42,...
притисни ентер