„Резервистот“ Кавани му донесе победа на Наполи

Едисон Кавани на синоќешниот дуел против Торино во игра влезе во 65.минута како замена за Инсиње и постигна два гола, обезбедувајќи нова победа за Наполи и задржување на втората позиција на табелата.



 Најдобриот играч на Наполи и најдобар стрелец во Серија А погоди во 84 и 90.минута за конечна победа на Наполи со 5:3.

Претходно за гостите трипати стрелаше Блерим Џемаили (10, 47 и 80.минута), додека головите за домашниот тим ги постигнаа Барето (30), Џонатас од пенал (75) и Рикардо Меџиорини (78).

Со овој дуел беше комплетирано 30.коло во Серија А.

Постигнати резултати на другите девет натпревари: Удинезе – Болоња 0:0, Парма – Пескара 3:0, Палермо – Рома 2:0, Лацио – Катанија 2:1, Џенова – Сиена 2:2, Каљари – Фиорентина 2:1 и Аталанта – Сампдорија 0:0, Киево – Милан 0:1 и Интер – Јувентус 1:2.

Табела: Јувентус 68 бодови, Наполи 59, Милан 57, Фиорентина 51, Лацио 50, Интер 47, Рома 47,.
притисни ентер