МЗТ Скопје и Куманово ќе решаваат за трофејот во Купот на Македонија

Тимот на Куманово е вториот финалист во кошаркарскиот Куп на Македонија, откако во неизвесен натпревар во второто полуфинале со пресврт успеа да го совлада Кожув со 92:87.

Избраниците на Љубислав Луковиќ, во големото финале ( утре 19.00ч) во СЦ “Борис Трајковски” ќе играат со бранителот на титулата МЗТ Скопје - Аеродром, кој во првото полуфинале беше подобар од Фени индустри.

Гевгеличани одлично го отворија натпреварот и уште на стартот на првата червртина направија предност од 19 поени (29:10), додека на полувремето заминаа со позитива од 13 кошеви (58:45).

Меѓутоа, одличната игра на Кожув во првото полувреме не ги испалши кумановци кои во вториот дел продолжија да атакуваат на победа и пласман во историското прво финале во националниот куп.

Куманово ја доби третата четвртина, а комплетниот пресврт го направи во последниот период во кој постигнаа двојно повеќе поени од Кожув.
Најзаслужни за победата на Куманово беа: Костоски со 28, Димчевски со 25 и Луковиќ со 14 поени. Кај кожув најмногу се истакна Филиповиќ со 22 поени, додека Пековиќ и Божиновски натпреварот го завршија со по 17 поени.

Куманово вечерва ќе се бори за првиот трофеј во ова натпреварување во своето прво финале, додека МЗТ Скопје Аеродром ќе го „брка“ шестиот куп-трофеј. Тимот од Аеродром е бранител на пехарот освоен минатата година.

МЗТ Скопје Аеродром во првото полуфинале беше поуспешен од Фени Индустри со 74:66.

МЗТ ќе го игра своето јубилејно десетто финале во Купот на Македонија, додека Куманово со пласманот во оваа фаза од натпреварувањето, стигна до најголемиот успех во клупската историја.

Актуелниот македонски шампион ги освојуваше своите куп-трофеи во низа од по два. Победник беше 1996 и 1997 година, потоа во 1999 и 2000 година, па сега останува да се види дали вечерва со евентуална победа ќе го повтори истиот успех третпат во историјата, откако лани, со победата над Фени Индустри во финалето, го освои својот петти трофеј.

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

притисни ентер