Мото крос „Гран - при Македонија“

Стотина мотоциклисти од десет земји денеска и утре ќе настапат на јубилејното петто издание на натпреварот во мото крос „Гран-при Македонија“ што ќе се одржи на патеката Милци кај Гевгелија.





Учесниците ќе се натпреваруваат во шест класи меѓу кои и две за младите возачи до 14 години, а сите трки ќе се бодуваат за Европскиот и за отворениот Источноевропски шампионат во мото крос.

За Македонија ќе настапат дваесетина мотоциклисти меѓу кои најголем адут за висок пласман е Гоце Томовски, вицешампион од 2010 и третопласиран во 2011 година, кој ќе настапи во најмоќната класа МХ1. Миленикот на гевгелиската публика и шесткратен првак на Македонија, Мирче Ќорнаков ќе вози во класата МХ3.

Организатори на трките се Мотоциклистичката федерација на Македонија и Авто мото друштвото „Дичо Панов“ од Гевгелија.
притисни ентер