Очекувано Кожув трет полуфиналист во Купот на Македонија

Фаворитот Кожув обезбеди пласман во вторто полуфинале во кошаркарскиот Куп на Македонија , откако го совлада Вардар со 80:67.

Гевгеличани во полуфиналето ќе ги одмерат силите со подобриот од последното полуфинале меѓу тимовите на Куманово и Лирија.

Вардар одигра добри три четвртини, вардарци дадоа солиден отпор, но избраниците на Марјан Србиновски, успеаја да го скршат отпорот на “црвено - црните” и да ја оправдаат улогата на фаворити во овој дуел.

Крилниот центар на Кожув Слободан Божовиќ беше незадржлив за одбраната на Вардар,постигна 22 поени и 12 скокови, негови одлични соработници беа  Димитар Караџовски со 15 поени и Игор Пенов со десет кошеви. Кај тимот на Вардар, најмногу се истакнаа Жарко Ѓуриќ со 16 и Владимир Гајовиќ со 14 поени.
притисни ентер