Македонија ги почна подготовките за дуелите со Шпанија

Ракометната репрезентација на Македонија со денешениот собир, што се одржа во хотелот „Александар Палас“ ги стартуваше подготовките за претстојните два натпревара со Шпанија од квалификациите за Европското првенство во Данска.




На повикот на селекторот Ивица Обрван се јавија повеќето играчи со исклучок на интернационалците Кирил Лазаров и Борко Ристовски, кои утре со своите екипи играат натпревари во АСОБАЛ лигата и во Бундес лигата.

- Не очекува многу работа, а има малку време за подготовки. Оваа репрезентација ако на тактички план одигра како треба имаме шанси да останеме непоразени во дуелот со светскиот првак Шпанија, која во секој случај е фаворит. На подготовките додека да ни се приклучат Лазаров и Ристовски, повикани се играчите на Металург Петар Ангелов и Милан Левов, истакна селекторот Обрван.

Меѓу играчите беа и повратниците во репрезентацијата: Горан Кузмановски, Лазо Мајнов, Владо Недановски и Петар Анелов, кои не беа дел од играчите кои се подготвуваа за Светското првенство во Шпанија.

Македонската репрезентација попладнево ќе тренира во салата „Кале“, а во текот на викендот тренинзите ќе се одржат во салата во Автокоманда. Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се тренира од понеделник бидејќи поради Куп завршницата во кошарка салата е зафатена.

Натпреварот Македонија - Шпанија се игра на 3 април со почетокот во 17 часот и 45 минути.
притисни ентер