Видео: Неверојатен тренинг на Манчестер Јунајтед

Необичен тренинг на фудбалерите на Манчестер Јунајтед. Генерацијата на фудбалери од крајот на 90 години ја предизвика актуелната генерација на Јунајтед во натпревар во шутирање кон голот со заврзани очи.



Поранешниот навален тандем на Манчестер Јунајтед Двајт Јорк и Енди Кол ги предизвика актуелните напаѓачи на Јунајтед Вејн Руни, Дени Велбек и Чичарито во „телепатски фудбал“ , односно во фудбалски натпревар со заврзани очи.

За генерацијата на напаѓачи на црвените ѓаволи од крајот на 90 години се зборуваше дека можат да играат и со затворени очи колку добро се познаваат. Тоа е шампионската генерација на Манчестер Јунајтед која во 1999 година ги освои титулите во Англија, во ФА Купот ,а го освои и пехарот во Лигата на шампионите.

Двете екипи си додаваа и шутираа кон голот. Јорк нафрли а Кол со удар со глава успеа да го погоди голот.
Спектакуларен погодок со ножички постигна и Вејн Руни.

Погледнете што правеа поранешните и актуелните напаѓачи на Манчестер Јунајтед на тренинг.

Вицепремиер Груби се сретна со новиот европски амбасадор Дејвид Гир

„Владеењето на правото во прв ред“.

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците,

г.Артан Груби, денес оствари средба со новиот амбасадор и шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, г.Дејвид Гир.

Првиот вицепремиер Груби рече дека досегашната соработка со Делегацијата на Европската Унија во земјава била и ќе остане на највисокото ниво. Тој го увери амбасадорот Гир дека како координатор на ресорните политики ќе обезбеди кохезија во владината коалиција и ќе ја надгледува координацијата и исходот на процеси и спроведувањето на програмата.

Груби на европскиот амбасадор му пренесе дека патот на неселективната правда и владеење на правото ќе се постигне само преку целосна транспарентност и ветингот кон сите носители на јавни функции, судиите и обвинителите.

За време на состанокот помеѓу Груби и амбасадорот Гир, се разменија мислења и за динамиката на спроведувањето на реформите, кои се очекува уште повеќе да се зголемат по отворањето на преговорите со Европската Унија. По овој повод, Груби му нагласи на г.Гир дека Владата е посветена во спроведувањето на реформите во јавната администрација.

Амбасадорот Гир за време на состанокот со Груби подвлече дека за Европската Комисија и институциите на ЕУ, спроведувањето на реформите во судството, владеењето на правото и одржувањето на добрите меѓуетнички односи, како и добрососедските односи се исто така важни, со цел да се докажат европските вредности за време на процесот на интеграција во ЕУ.

Двајцата соговорници разговараа и за правичната и соодветна застапеност во државните институции, но и во приватните компании, домашни и странски, со акцент на уставниот принцип на фер и соодветна застапеност за сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност.

Г.Груби и г.Гир, разговараа и за организирањето на пописот на населението во Република Македонија, процес што тие оценија дека успешно ќе биде завршен во текот на следната година.

Сектор за односи со јавност

Кабинет на првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците

Битиќи: Владата ќе го најде најдоброто решение за етничкото вработување

Не треба да има двоумење дека Владата ќе го најде најдоброто можно решение, а и премиерот имаше јасен став за етничкото вработување дека остануваме отворени кон секое едно прашање.

Секое прашање заслужува одговор, но заедничко решение ќе најдеме на масата во Владата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Да почекаме на исходот и да вимиме што се идеите на сите страни и на крај да ги прашаме стопанските комори, синдикатите и самите граѓани што мислат околку тоа прашање и да видиме кое е решението. Затоа мислам дека не би требало воопшто да има двоумење дека Владата ќе го најде најдоброто можно решение за граѓаните без разлика каде и какви се. За нас сите граѓани се еднакви и како такви заслужуваат да добијат одговор за било кое прашање или проблем за кој сметаат дека придонесува за да имаат подобар квалитет на живот, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за државна помош со компанијата „ВИК Македонија".

Тој побара простор од медиумите за да се реши прашањето.

Прашан дали Буџетот може да издржи доколку се спроведе мерката, рече дека тоа е хипотетички и оти е исто како да го прашаат дали може да се реализираат капитални инвестиции од една милијарда доколку се предвидат.

-Буџетот ќе издржи онолку колку што сите заедно ќе се залагаме да го полниме. Рековме дека ќе нема отстапки кон сивата економија, кон неформалниот сектор и сите однесувања кои не прилегаат на една земја која аспирира да биде членка на ЕУ. Ако сите заедно се бориме против тие негативни феномени мислам дека Буџетот ќе издржи за билошто што ќе сметаме дека е адекватен одговор на барањата и очекувањата на граѓаните, Во овој момент е само хипотетички да кажам дали ќе издржи или нема да издржи затоа што немаме ништо конкретно на маса, потенцира Битиќи.

Појасни дека министерствата за политички систем и за информатичко општество и администрација веќе креираат план за прераспоредување на 1.300 вработени од јавниот сектор

-После само 22 дена од формирање на Владата кој е епилогот со 1.300-те вработени кои треба да завршат некаде каде што треба да завршат е прерано. Рековме дека во однос на сите прашања соодветно во даден временски период ќе се изјасниме, рече Битиќи и порача дека еднаш за секогаш треба да се разјасни што е државна управа, а што јавен сектор.

Кога зборуваме за намалување на бројот на вработени во јавната администрација, нагласи, мислиме на целосниот јавен сектор, а не на државната управа.

-Ако се види функционалната анализа на секоја институција посебно, особено по министерствата ќе се согледа дека дури недостасуваат луѓе кои се планирани по систематизација. Сепак остануваме на ставот дека јавната администрација ќе биде намалена за 20 отсто, посочи Битиќи./МИА

Доставени 27 предлози „За зелен и хуман град" до Советот на Град Скопје

Дванаесет организации и активистички групи преку архивата на Град Скопје до Советот на Градот денеска доставија 27 предлози за зелен и хуман град. 

Предлозите произлегоа од граѓанскиот буџетски форум „Моја заедница. Моја визија" кој се одржа на 16 септември, каде овие предлози беа усогласени и изгласани.

Како што појасни на денешната прес-конференција Драгана Велковска, активистика за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје, тие бараат овие предлози да бидат инкорпорирани во буџетот на Градот за 2021 година.

– Доколку градското раководство ги игнорира или ги отфрли делумно или целосно овие предлози, тоа ќе значи дека работи спротивно на интересите на Скопјани и ние сметаме дека во овие предлози всушност се наоѓа основата на визијата за зелено, хумано Скопје и за неговиот одржлив развој, нагласи Велковска.

„Полио плус" – Движење против хендикеп поднесе два предлога. Едниот, како што информира Елена Кочоска од организацијата, е да се донесе стратешка рамка за имплементирање на конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на локално ниво, а другиот да се субвенционираат електрични скутери за жителите со хендикеп во Скопје.

– Предлагаме Град Скопје да субвенционира скутери за лицата со хендикеп од една страна, а и ние како жители на Град Скопје ќе придонесеме во заштита на средината, но од друга страна Градот на тој начин ќе излезе во пресрет на имплементација на обврските кои ги има согласно догвоорот од 2011 година, односно независниот живот на лицата со хендикеп и остварување на правото на мобилност, рече Кочоска.

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико", пак, исто така достави два предлога за потребите на ромската заедница кои генерално произлегуваат од општина Шуто Оризари.

– Првиот предлог се однесува на отворање на противпожарна единица во Шуто Оризари, бидејќи сведоци сме дека во текот на зимскиот период се случуваат пожари кои често пати резултираат и со човечки и материјални жртви, додека се чекаат противпожарните единици од околните општини. Вториот предлог кој го доставивме всушност се однесува на поставување на мерачи за воздух и на Шуто Оризари, бидејќи голем број од Ромите се греат на дрва и оттука субвенциите кои се предвидени од Град Скопје, не допираат до ромската заедница, посочи Алберт Мемети, проект менаџер на „Ромалитико".

Оттука, како што додаде тој, потребен е пристап пред се за поставување на мерни станици во Шуто Оризари, но и субвенционирање на фотоволтаични инсталации или пак субвенционирање на печки на пелети или климатизери во Шуто Оризари се со цел, како што нагласи, овие мерки да бидат достапни за ромската заедница.

Антонио Јовановски од здружението „Биди зелен" ги појасни двата предлога кои ги доставиле. Едниот предлог, како што посочи, е зајакнување и зголемување на образованието за климатски промени и поставување на фотоволтаични системи на средните училишта на Град Скопје, конретно за „Никола Карев", а другиот предлог е за поддршка на иницијативата „Селектирам" каде се доближува селектирањето на отпад до домовите, во зградите, на секој граѓанин.

Вкупниот износ на предлозите, како што додаде Велковска, е близу 1.700.000.000 денари, а тоа, според нејзе, претставува некаде меѓу една четвртина и една петтина од вкупниот буџет на Градот Скопје кој за 2020 година.

– И тоа како има средства доволно за да се спроведе оваа визија за одржлив развој на Скопје, за зелено и хумано Скопје со инкорпорирање секако и на барањата, потребите, приоритетите на сите Скопјани кои живеат во овој град. Тоа се всушност потреби на граѓаните и тие се јавни средства кои мора да се искористат за приоритетите на Скопјани, а не да се користат за приоритетите на секоја различна партија која ќе дојде на власт, заклучи Велковска. /МИА

притисни ентер