Македонија поразена од Белгија

Фудбалската репрезентација на Македонија претрпи пораз од 0-1 по голема борба во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во Бразил 2014 година, одигран на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел.

Одлучувачкиот гол за Белгијците го постигна Еден Азар во 63. минута, откако искористи слабо исфрлена топка со глава од повратникот во македонскиот национален тим, Даниел Георгиевски.

Водечката екипа во групата А, Белгија останува без пораз пред своја публика на последните 13 средби во сите конкуренции, откако загуби од Германија со 0-1 во септември 2010 година, во квалификациите за Европското првенство во Полска и во Украина и сигурно чекори кон настап на Мундијалот во Бразил.

Македонија ја зазема 5. позиција на табелата.
притисни ентер