Неимар веќе потпишал за Барселона

Барселона има потпишано договор со 21 годишниот Неимар еден од најдобрите млади фудбалери на светот.

 

 Екипата на Барселона веќе има потпишано договор со 21-годишниот бразилски фудбалер Неимар, според кој Бразилецот доколку се одлучи да настапува во Европа предност има каталонскиот гигант, пренесуваат шпанските медиуми.

Евентуално одење во друг клуб ќе значи плаќање пенали кон Барселона.

Талентираниот напаѓач е актуелен играч на Сантос, клуб од неговата матична држава. Неимар има обврски кон Сантос до 2014 година.

Претседателот на Барселона за потенцијалното засилување на неговата екипа искажа многу комплименти.

- Неимар е фудбалер од рангот на Меси, Роналдо, Ромарио, Марадона и другите јужно-американски ѕвезди. Тој е неверојатен играч, но сеуште е рано да се зборува за неговиот трансфер, иако шансите се на наша страна, изјави Сандро Росел, првиот човек на Каталонците.

притисни ентер