Јагодиќ: Резултатот против Македонија ни е важен

Резултатот против Македонија ни е важен, иако се работи за пријателски натпревар, а евентуална победа од психолошки аспект многу ќе ни значи, бидејќи се ближи нов квалификациски циклус, изјави босанскиот селектор Владо Јагодиќ пред утрешниот против македонската фудбалска селекција.

 

 

За селекторот на БиХ веќе се стеснува изборот на потенцијални репрезентативци, а средбата со македонската репрезентација ќе му даде појасна слика за физиономијата на неговата репрезентација.

Пријателскиот натпревар меѓу младите репрезентации на Босна и Херцеговина и Македонија ќе се одигра утре со почеток од 15 часот и 30 минути на стадионот „Славија“ во Сараево.

притисни ентер