Азар: Куртоа не спаси од пораз во Македонија

Најдобриот белгијски фудбалер асот на Челзи Еден Азар по гостувањето во Скопје и мечот на Филип Втори изјави голманот Тибо Куртоа е најзаслужен за нашиот триумф над Македонија од 2-0.

 
„Натпреварот во Скопје против Македонија многу наликуваше на оној дуел кој го одигравме против Србија минатата година. Имавме многу проблеми во првото полувреме, но во продолжението беше многу подобро. Одигравме тежок натпревар против Македонија, а Куртоа со неколку сигурни интервенции ја сочува нашата екипа од пораз, изјави Азар.

Фудбалерот од средниот ред на Челзи меѓу другото призна дека Белгија на гостувањето во Скопје имала големи проблеми , но и дека на крајот заслужено стигнала до триумф од 2-0.

Со победата на Филип Втори Белгија остана на делба на првото место со репрезентацијата на Хрватска со идентичен скор од 13 бода.
Веќе во вторник во Брисел  Македонија и Белгија ќе го одиграат и вториот меѓусебен натпревар во рамките на Групата –А од мундијалските квалификации.

Канте е тешко повреден , ќе ги пропушти сите важни натпревари на Челзи

Челзи ќе остане без Н’Голо Канте околу еден месец, тврдат докторите, пренесува француски L'Equipe.

Еден од најдобрите играчи на Челси се повреди на натпреварот против Манчестер Јунајтед (0-2) во понеделникот, а неговата повреда е посериозна од првично наведеното. Ова значи дека Канте нема да ги игра двата натпревари против Баерн во Лигата на шампионите и многу важните шампионски дуели со Тотенхем и Ливерпул.

Како резултат на неговата повреда, Канте излезе во 10-та минута од средбата со Јунајтед,а ова е негова трета повреда оваа сезона.

Со огнен спектакл во Мадрид, навивачите на Атлетико го пречекаа Ливерпул (ВИДЕО)

Вечерва во 21:00 почна натпреварот во осмина финалето на Лигата на шампионите меѓу актуелниот европски шампион Ливерпул и домаќинот Атлетико во Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано.

Навивачите на Ливерпул навиваа и пееја цел ден по улиците на Мадрид, а се проценува дека за овој натпревар пристигнале нешто повеќе од пет илјади.

Сепак, најголемото шоу на вечерта беше на домашните навивачи на Атлетико Мадрид, кои го пречекаа автобусот со своите играчи со спектакл од запалени факели пред да пристигнат на стадионот.

Видео: Ѓоковиќ ги воодушеви соседите, пред зграда играше тенис со децата!!

Новак Џоковиќ ја воодушеви јавноста

Тој ја воодушеви јавноста откако во понеделник навечер излегол пред зградата во која живее во Белград и заиграл тенис со децата од соседството.

По освојувањето на Австралија Опен и настапот на фестивалот Сан Ремо, Ѓоковиќ пристигнал во својот стан во Белград.

Големиот спортист и покрај многуте ангажмани не можел да остане нем на повиците од децата од соседството за партија тенис пред зграда.

Популарниот Ноле го прифатил предизвикот излегол пред зграда и со децата одиграл партија тенис во двојки.  

Секако овој меч не можел да остане не забележан од соседите.

Истата вечер Ноле направи шоу со сопругата Јелена по една театарска претстава.

Тие излегле на свет и ја запеале славната песна на групата „Идоли“, „Чоколада“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

With our NDF team, donors and friends we celebrated giving, supporting kids and love. Novak and I were invited on stage to sing and.... we had fun! We are sharing with you our joy and love and invite you to join our community at @novakfoundation ❤️ @djokernole did well, I guess Sanremo was a majestic spring board for his music career 🥰🙈🎤🎼🎧 Večeras smo slavili ljubav, dobročiniteljstvo i mlade ljude, buduće lidere naše zemlje uz divnu predstavu u Ateljeu 212 “Brod plovi” sa našim porodicama, prijateljima i donatorima @novakfoundation . Pozvali su nas na binu i izazvali da pevamo. Novaku je dobro dosla priprema na Sanremu 🏆 a ja....pa ja prosto nemam opravdanje 🎧🙉🤣

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

притисни ентер