Македонија незаслужено губи со 0-1 на полувремето против Белгија

Македонската фудбалска репрезентација на Арената Филип Втори на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Бразил 2014 година, губи со 0-1 од репрезентацијата на Белгија

Со голот на Кевин Де Бруин во 26-та минута од натпреварот, репрезентацијата на Белгија води со 1-0 на гостувањето на Филип Втори. 

Овој резултат е максимално незаслужен поради одличната игра на нашата репрезентација и четирите шанси кои нашите фудбалери ги имаа. Јаховиќ, Ибраими, Пандев и Тричковски ги имаа најсериозните шанси во првиот дел, но сепак останавме со 'празни раце'. 

Да се надеваме дека ќе имаме повеќе среќа во второто полувреме.
притисни ентер