Максимир слави, фудбалската војна во Загреб заврши со триумф на Хрватска над Србија од 2-0

Хрватска по само 45 минути од судирот кој е многу повеќе од фудбалски против најголемиот ривал на сите полиња Србија со водството од 2-0 го реши прашањето на победникот на Екс југословенското дерби на Максимир.


 

Хрватска со вечерашниот триумф над лутиот ривал  во петиот квалификациски натпревар го забележа четвртиот триумф со кој направи голем исчекор кон пласманот на Светскиот шампионат во Бразил во 2014.
Хрватска е лидер во нашата група 1 со 13 бодови,пред Белгија со 10 и натпревар помалку оној против Македонија на Филип Втори.
 
Искусниот напаѓачки тандем на коцкастите Манџукиќ, Олиќ ги искористи двете големи грешки на комплетната одбрана на Србија и постигна два лесни погодоци.
Полниот Максимир прва пат  еруптираше во 22 минута кога центарфорот на Баерн Минхен, Марио Манџукиќ ја искористи грешката на Коларов и по прв пат го матира гостинскиот голман Бркиќ за водство на домаќините од 1-0.
 
17 минути подоцна одбраната на Србија повторно греши.
 
 Бркиќ е без реакција на нафрлената топка Олиќ е побрз од капитенот на Србите Ивановиќ ,Хрватска води со 2-0.
 
Во второто полувреме Србија тргна на се или ништо но маестралниот Плетикоса во три наврати спаси сигурен гол и недозволи српските фудбалери на стигнат до почесен гол на Максимир.
 
Во вторите 45 минути Србија ја имаше теренската иницијатива , но искисните фудбалери на Хрватска ја зачуваа предноста од 2-0 остварена во првото полувреме и на крајот заслужено ја прославија голема победа.
12 години по ремито од 2-2  на овој исти терен во судирот на тогаш двете големи генерации, Хрватска  како домаќин  со 2-0 триумфираше во дербито против лутиот противник Србија.
Со овој пораз во Загреб Србија ги загуби шансите за пласман на Мундијалот во Бразил следната година.
притисни ентер