Фергусон казнет од УЕФА со 13000 долари

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска соопшти дека ќе го казни менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон со 13 000 долари поради не присуство на прес конференција.


 
 
 
Фергусон е казнет поради тоа што не се појави на прес конференцијата за новинари по осминафиналниот реванш на Олд Трафорд со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, натпревар одигра на 5 март кој Реал го доби со 2-1 и со вкупни 3-2 се пласираше во четвртфиналето.  

Фергусон револтиран од престрого покажаниот цревен картон за нани од старна на турскиот судија Чакир одби да присуствува на официјалната прес конференција по мечот.

На собирот со новинарите на местото на Фегусон се појави и зборуваше неговиот заменик Мајк Филан.
 
притисни ентер