Во Загреб уапсен еден навивач

Фудбалска Европа вечерва е во знакот на судирот на Максимир во Загреб меѓу големите ривали на сите полиња Хрватска и Србија.


 

 
Улиците на хрватската метропола  денеска се полни со навивачи во популарните коцкасти дресови на домашната селекција.
 
Загреб е полн со навивачи од цела Хрватска но и од многу градови од Европа.  Очекувано ги нема симпатизерите на гостинската репрезентација, ова беше договорено  одамна уште во првиот миг кога селекциите на Хрватска и Србија беа извлечени да играат во иста квалификациска група беше одлучено  на нивните средби да нема гостински навивачи.
Во Хрватска во изминатите денови беше донесеа и одлука дена секој навивач на Србија кој ќе се појави на стадионот  на Максимир ќе заработи казна 30 дена затвор.
 
Во загреб е засега мирно, уапсено е само еден навивач кој на себе носел недозволени усташки обележја.

Натпреварот кој ќе биде под лупата на УЕФА и го носи епитето од „висок ризик“ поради  националистичките испади на минатите средби на навивачите на Хрватска започнува во 18 часот
 
притисни ентер