Белгиската легенда Енцо Шифо смета дека Македонија не може да биде пречка на патот на Белгија кон СП 2014 во Бразил

Со потенцијалот со кој располага сегашната белгиска репрезентација, Македонија не може да претставува пречка на нашиот пат кон Светското првенство. Ова го вели легендата на белгискиот фудбал Винченцо Шифо, во интервју за официјалниот магазин на Фудбалската асоцијација на Белгија по повод претстојниот двомеч на неговата репрезентација против Македонија во рамки на квалификациите за пласман на „мундијалот“ што идната година ќе се одржи во Бразил, пренесува дописникот на МИА од Брисел.

Енцо Шифо, кој постигна два гола на оној за нас катастрофален квалификациски меч во јуни 1995 година, кога пред празните трибии на Градскиот стадион во Скопје (поради суспензија од УЕФА), Белгија ја декласираше Македонија со 5:0, откако претходно одигравме реми (1:1) на “Хејсел“ во Брисел, со гордост се сеќава на една од најголемите победи на “црвените ѓаволи“:

- Се сеќавам дека уште на стартот дадовме брзо гол, што потоа многу ни ја олесни работата. Веднаш ја превземавме контролата на мечот во свои раце, а потоа се забавувавме, игравме добро и на крајот остваривме лесна победа. Иако Македонија беше противник што лесно го победивме, тешкотија беше што моравме да внимаваме да не ги пуштиме да играат. Јас тогаш само што се опоравив од повреда и морав да бидам внимателен. Тоа беше мој нов почеток на кариерата со “црвените ѓаволи“ - се сеќава Шифо во интервјуто.

Според екс-организаторот на играта на Белгијците, тогашниот селектор на Белгија, Полн ван Химст, ги предупредил дека секое губење на концентрацијата, поради тоа што играле пред празни трибини, дека може скапо да ги чини. „Наша цел беше да пред се секонцентрираме на својата игра оти знаевме дека многумина од нашите играчи не играа добро на своите места и многу интернационалци беа пред крајот на својата кариера“, вели фудбалерот што одигра 84 натпревари и постигна 18 голови за Белгија.

За неговите очекувања од двомечот со Македонија, Шифо потенцира дека Белгијците може да очекуваат се и затоа мора да бидат максимално подготвени.

- Очигледно мора да го почитуваме противникот, но како и секогаш мора да одиме на победа, наметнувајќи им ја својата игра од стартот. Дури на второ место е анализа на нивната игра. Со потенцијалот со кој сега располагаме и со желбата на тимот, Македонија не може да претставува препрека на нашиот пат кон Светското првенство - искрен е човекот што додека настапуваше го носеше прекарот “малиот Пеле“.

Според Шифо, веќе нема лесни наптревари и Белгија мора да победи на сите следни средби. Тој вели дека правејќи го тоа, тие ќе можат да ги почнат одлучувачките натпревари од кои прв е оној против Хрватска во Загреб. Долгогодишниот капитен на Белгијците смета дека со оглед на сегашната ситуација во селекцијата и позитивната спирала во која се развива тимот, тој цели дека не треба за ништо да се грижат поддржувачите на нивната репрезентација.

- Ние ќе се натпреваруваме со најдобрите светски репрезентации и ќе им покажеме кои сме! Не можеме повеќе да се ставаме во позиција на чекање, оти имаме квалитет со кој можеме да се мериме со било-кој тим. Единствен проблем ни е завршувањето на акциите, односно реализацијата е работа која треба да ја подобриме. Ако Лукаку и Бентеке успеат да ги повторат добрите клупски игри во дресот на Белгија, ќе направиме голем исчекор во позитивен правец - анализира актуелнито тренер на белгиски Монс.

На прашањето да направи разлика меѓу селекцијата на Белгија од 80-тите и 90-тите години на минатиот век кога тој ја предводеше со сегашната генерација, Шифо вели тешко се споредливи тогашните со сегашните времиња, но дека постои јасна разлика. “Во секој случај, оваа генерација има во своите редови има неколкумина најталентирани играчи на денешниот фудбал. Кога ги гледам останатите земји, искрено не гледам повеќе од три или четири репрезентации во светот што се подобри од нас. Но, самиот талент не е доволен. Мора да бидеме способни да покажеме дека сме најсилни и да бидеме свесни за вашите квалитети. Тој талент мора да се конкретизира на теренот“, порачува Шифо.

Квалификувањето на СП 2014 во Бразил, според некогашната фудбалска ѕвезда број еден на Белгија би било доказ за квалитетот на сегашниот тим. Тој смета дека сегашната генерација може уште да напредува, но доколку напаѓачите кои се развиваат, меѓу кои Лукаку, Бентеке, Де Брујн, Дембеле и Азар, успеат да воспостават автоматизам, кохерентност во играта, дека тогаш сите надежи се дозволени.

Запрашан дали оваа белгиска репрезентација цели на пласман во полуфиналето на „мундијалот“ во Бразил, Шифо со одговор:

- Подготвен сум да се облложам на тоа, иако знаеме дека во фудбалот за жал не ги контролираме сите параметри. Ако се квалификуваме на СП, мислам дека ќе ги изненадиме сите таму. Единствена работа што не ни оди во прилог е фактот дека уште не сме се квалификувале и притисок се уште е многу голем и може да претставува сопирачка за нашата игра. Јас сум нетрпелив да го видам нашиот тим како се развива кога нашите играчи се целосно ослободени од притисокот, но сигурен сум дека ниту еден тим нема да може да доминира над нас, дури ниту Шпанија и Германија! - порачува за крај легендарниот белгиски фудбалер, а сега клупски тренер.

Како што е познато, утревечер (20:45 часот) на Националната арена „Филип Втори“ се игра првиот меч од петтото квалификациско коло во групата “А“ за пласман на СП 2014 меѓу Македонија и Белгија. Возвратниот натпревар меѓу истите селекции е закажан за вторник (26 март) и ќе се одигра на стадионот “Руи Бодуин“ во Брисел. Белгија е на делба на првото место во групата и со ист број на бодови со Хрватска (по десет) се борат за пласман на “мундијалот“, додека Македонија е четврта со четири бодови и се уште има теоретски шанси да се бори за место на СП 2014.

Драматична снимка на спасување од автомобил во пламен- попусто ја отвораат вратата (ВИДЕО)

Група добри Самарјани успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен внатре, додека драматичниот момент на спасувањето бил снимен во Минесота.

На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.

Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18 часот и 30 минути.

Властите соопштија дека Хонда скршнала надесно и удрила во столб од светло, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.

Возачот потоа бил пренесен во болница, но за среќа не се здобил со сериозни повреди.

Нарачувале бифтеци, купишта десерти, испиле 15 шишиња вино, а потоа извеле познат трик (ВИДЕО)

Италијанскиот ресторан Bella Ciao во Порт Талбот, западно од Свонси, Британија, обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.

Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.

На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.

Плаќањето било одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во барот додека таа „одеше да земе друга картичка“, пишува Дејли мејл.

Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.

„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјавил менаџерот Тајрон Рис.

Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“. Случајот подоцна го пријавил во полиција.

Снимката што беше објавена стана вирална во текот на викендот, а Тајрон Рис тврди дека добил многу повици од други ресторани кои имале слични инциденти со семејството (кое не платило).

Тој додава дека е „разочаран од реакцијата на властите“.

„Плаќам даноци, но се чини дека сум немоќен. Ме нервира кога знам дека ова се случува и дека се извлекуваат со тоа“.

Итно е евакуиран хотел во Рим поради токсично испарување од базенот, настрадале пет лица

Најмалку пет лица се затруени во хотел во центарот на Рим, кога од базенот се испуштале штетни испарувања.

Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Вработените во хотелот се затруени, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи кои престојувале на појадок.

Отровните испарувања „доаѓале“ од бањата и велнес центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања биле затворени околните улици.

притисни ентер