Болт ќе трча на митингот од Дијамантска лига во Брисел

Најбрзиот човек на планетата спринтерот од Јамајка Јусеин Болт денеска најави дека ќе учествува на митингот од Дијамантската лига во Брисел во септември.




Трикратниот олимписки шампион од Лондон, потврди дека ќе се појави на митингот во Брисел ,но не прецизираше да ли ќе учествува во трката на 100 или 200 метри.

Болт кој е носите на шест златни медали од олимпијадите исто така порача дека ќе трча на гала митингот на 6 јуни во Рим во трката на 100 метри, минатата година на Олимпискиот стадниот во Рим Болт го собори рекордот на стадионот остварувајќи резултат од 9,76 секунди.

Сезонава Јусеин Болт ќе учествува и на митинзите во Острава, Осло, Париз и на Кајманските острови.
Инаку главна цел годинава за Болт ќе биде светскиот шампионат во Москва од 10 до 18 август .

Во Србија се уапсени 17 лица, кои правеле и продавале лажни дипломи од факултети и училишта

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи.

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела и фалсификување исправи во продолжено време, а четворица уапсени од овие ОКГ се товарат и за кривично дело злоупотреба на службената положба, објави Телеграф.

Уапсени се Р.Б.(1959), А.Б.(1988), Б.Д.(1976), С.К.(1984), Б.Ѓ. (1963), Д. Г. (1954), С. К. (1961), И. Д. (1994), М. Б. (1951), М. П. (1956), З. Н.П.(1969), В.С.(1984) и Л.Р.С. (1968).

Во периодот од април 2023 година до денес, осомничените во илегална печатница на територијата на Белград направиле повеќе од 400 лажни јавни исправи - договори, полномошни, дипломи од средни, високо и високообразовни установи, со намера дека клиентите да ги користат како што се направени и стекнати на легален начин. На овој начин, како што се сомнева, прибавиле противправна имотна корист од над 12 милиони динари. Меѓу уапсените се и две лица вработени во Министерството за државна управа и локална самоуправа, како и едно лице вработено во МВР, кои се осомничени дека ја искористиле службената положба за вршење проверки преку затворените бази на матичната евиденција, за лица за кои се изготвени фалсификувани документи. Исто така, уапсено е и едно лице вработено во Министерството за образование, за кое се сомневаат дека искористувајќи ја службената положба со овие фалсификувани документи, за одредена сума пари вработувал лица во државни институции.

Осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното Јавно обвинителство за организиран криминал.

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

притисни ентер