Вилмотс: Колективната игра е она што ја краси Македонија, но опасни се и од прекини

Колективната игра е она што ја краси репрезентацијата на Македонија, а опасни сте и од прекини, односно од слободни удари и корнери.

Ова денеска го потенцираше селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Марк Вилмотс на последниот тренинг во Брисел пред утрешното заминување на „црвените ѓаволи“ за Скопје за натпреварот против нашиот национален тим кој ќе се одигра в петок.

- Се разбира, не би требало да трошам зборови за тоа колку е квалитетен и опасен Горан Пандев, додаде некогашната белгиска фудбалска ѕвезда, а сега шеф на стручниот штаб на националниот тим на „црвените ѓаволи“.

Според Вилмотс, не би било драматично ако петочниот меч на Националната арена „Филип Втори“ заврши и без победник, со тоа што Белгија би морала да оствари триумф на возвратниот натпревар во Брисел кој е закажан за вторник. - Но, јас не би бил најсреќен ако задутре не победиме, тоа е сигурно, искрен е Вилмотс.

На денешниот тренинг се повреди Стевен Дефур (Порто) и според селекторот станува збор за повреда на препоните која е можно да го оддалечи од составот за првата средба во Скопје. Ситуацијата со капитенот Венсан Компани е идентична и тој тренира издвоено од останатите и до последен момент не се знае дали ќе настапи на првиот меч, иако се големи веројатностите тоа да се случи. А, ако игра в петок, белгискиот селектор со сигурност ќе го одмори за вториот меч во вторник поради барањето од клубот Манчестер Сити.

Ако Компани не игра против Македонија, капитен на Белгијците ќе биде дефанзивецот на Арсенал, Томас Вермален. Тој вели дека тренираат напорно за петочниот натпревар и остава простор да видиме што ќе се покаже на теренот, иако потенцира дека трите бода за Белгија се многу важни.

- Имаме добар моментум на позитивни резултати кој се надевам дека ќе продолжи со Македонија. Иако требаше синоќа, денеска ќе гледаме видео-снимки од натпреварите на нашиот претстоен противник. Знам дека најголемата опасност ќе доаѓа од Пандев, тој е одличен фудбалер, а го познавам и Иван Тричковски од Бриж. Во Скопје не очекува полн стадион со бучна публика која ќе ја поддржува својата репрезентација, но ние сме навикнати да играме такви натпревари и иако нема да биде лесно, ќе се обидеме да оствариме победа, рече Вермален за МИА.

Според дефанзивецот на англиски Арсенал, во белгиската репрезентација се навистина изненадени од податокот дека македонските фудбалери добиле 17 жолти картони на четирите квалификациски средби, што, според него, покажува дека ги очекува голема борба на теренот.

- Секој меч е важен отсега натаму. Нам ни се потребни двете победи во двомечот со Македонија и мислам дека имаме тим кој тоа ќе го обезбеди. Потребно е да ги спречиме Македонците во контра-нападите, додаде Вермален.

Органиазтор на игртаа на Белгија в петок ќе бдие ѕвездата на Челзи, Еден Азар. Тој во изјава за МИА се потсетува на годинашниот дуел со Стеауа и дуелите со Даниел Георгиевски кој и на претстојните репрезентативни дуели очигледно ќе биде задолжен за брзиот и опасен полу-шпиц.

- Го паметам македонскиот бек Георгиевски од дуелите на Челзи со Стеауа. Романците имаат одличен тим каде извонредно настапува и Георгиевски. Но, го паметам и по тоа што ми зададе голем број на удари во дуелите, вели Азар.

Сепак, според плејмејкерот на Челзи и Белгија, неговата репрезентација оди по победа во Скпоје, но и реми нема да биде катастрофа.

- Мојот колега во Челзи, Бранислав Ивановиќ, ми вети дека со репрезентацијата на Србија ќе ја победат Хрватска во Загреб, како негов подаорк за мене, па би било штета ние тој подарок да не го искористиме со две победи против Македонија, вели Азар.

Иако селекторот Вилмотс не сака да ги открие 11-мината со кои Белгија ќе истрча на првиот меч во Скопје, белгиските новинари веќе го откриваат составот на „црвените ѓаволи“. Според нив, на голот ќе биде Тибот Куртоа, во одбраната би биле Алдервиелд, Вермален, Компани или Ванн Бајтен и Вертонген. Дефанзивни играчи за врска се стандардните Вицел и Дембеле, по крилните позиции се очекува да атакуваат Азар и Де Брујн, Фелаини се очекува д аигра зад напаѓачот каде селекторот се мисли дали да настапи од првата минута со Бентеке или со талентираниот Лукаку.

Македонија и Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил во 2014 година ќе се сретнат в петок со почеток во 20:45 часот во Скопје, а четири дена подоцна, во вторник, истите селекции повторно ќе ги одмерат силите на сталот „Руи Бодуин“ во Брисел.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер