Буфон : Би сакал Тоти да се врати во репрезентацијата

Извонредните игри на Франческо Тоти сезонава во дресот на Рома повторно ги отворија приказните дека легендарниот фудбалски „Принц на Рим“ ќе се врати во репрезенатцијата на Италија.




36 годишниот Тоти ја заврши репрезентативната кариера во 2006 година кога со Италија ја освои светската круна, но сега се повеќе се зборува за неговото враќање во националниот тим .

Би сакал Тоти да се врати во националниот дрес . Играме заедно уште од најмладите категории и тој секогаш ќе биде еден од моите најдраги соиграчи во репрезентацијата . Ако игра на ова ниво како што игра сезонава и може да и помогне на репрезентацијата, не е важно дали има 26 или 36 години , изјави денеска капитенот на популарните Азури Џиџи Буфон.

Викендов Италија во Женева ќе одигра пријателски натпревар со Бразил, а пото би требало да има лесна задаќа во дуелот против Малта во квалификациите за Мундијалот во 2014 година.

Заев: Коалицијата Можеме е победник на овие избори!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето рече дека коалицијата Можеме е победник на предвремените парламентарни избори со најмалку три пратеника предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека коалицијата има сигурна и стабилна предност од најмалку тројц апратеници , со мошност за добивање уште двајца или тројца.

,,Со оваа ваша поддршка не обврзувате на одговорност, но може да работиме уште повеќе и уште подобро" , рече Заев .

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

притисни ентер