Бекам ќе го подобрува имиџот на фудбалот во Кина

Славниот фудбалер Дејвид Бекам денеска пристигна во Кина, како амбасадор за развој на младите фудбалери, во моментот кога државата се обидува да го поправи имиџот на овој спорт, кој веќе подолг период има проблеми со корупцијата.


 

 
Поранешниот капитен на Англија по пристигнувањето истакна дека е е загрижен поради местењето на резултатите на натпреварите во Кина, афера поради која веќе неколку фудбалери и официјални лица од клубовите завршија зад решетки.   

Бекам меѓу другото истакна дека не е невозможно еден ден да стане член на некоја екипа од Кина. Големата ѕвезда на светскиот фудбал во ноември годинава ќе биде дел од една ревијална средба во Кина, тоа ќе се случи пет месеци по истекот на неговиот договор со актуелниот клуб ПСЖ.

Иако е блиску до „фудбалската пензија“, популарниот Бекс истакна дека се уште размислува на таа тема ,а одлуката ќе зависела  најмногу од тоа колку ќе биде физички подготвен да продолжи да игра фудбал.
притисни ентер