Касиљас повторно на тренинг на Реал М

Голманот на Реал Мадрид Икер Касиљас денеска го одработи првиот тренинг по паузата од два месеци поради скршеницата на левата дланка.


 

 
Капитенот на кралевите од Мадрид се повреди на 24 јануари , и според најавите на лекарите во следните две недели ќе тренира со останатите фудбалери и ќе биде наполно подготвен за настап во првиот четвртфинален натпревар против Галатасарај во Лигата на шампионите.
 
Касиљас во 17 мај ќе му помогне на Реал Мадрид во намерата да стигне до трофејот во Купот на Кралот во големото финале против градскиот ривал Атлетико.
 
 
притисни ентер