Јаневски:Имаме сили и квалитет за нов успех

Македонија има квалитет и е максимално подготвена за нова радост на Филип Втори порача на денешната прес конференција селекторот на македонската фудбалската репрезентација Чедомир Јаневски во пресрет на квалификацискиот натпревар во петок против фаворизираната Белгија на Филип Втори во Скопје.


 
 
 

„Играта на Белгија е добро анализирана. Во Скопје доаѓа селекција од највисок европски ранг со 20 екстра фудбалери на секоја позиција и сигурно во петок не очекува тежок меч. Но ние добро ги знаеме и нашите квалитети . Подготвени сме максимално и верувам дека имаме сили и квалитет за ново успех пред домашната публика,“ изјави предводникот на црвено жолтите Јаневски.  

На собирот со новинарите учествуваше и капитенот Горан Пандев.

-„Ако ги исполниме задачите кои ќе ни ги постави селекторот како на претходните натпревари ,  тогаш повторно ќе бидеме блиску до добар резултат , кратко реферираше Пандев.
притисни ентер