Сопственикот на ПСЖ ја купува Малага?

Богатиот газда на Пари Сен Жермен шеикот Тамим бин Хамад Ал тани може да стане сопственик или инвеститор во шпанскиот прволигаш и учесник во четвртфиналето од Лигата на шампионите Малага.


 

 Милијардерот од Катар во моментов води преговори за купување на акции од сегашниот сопственик на Малага Абдулах ал Тани, известува шпанскиот весник Марка.  
 
Официјална потврда за можната продажба на Mалага се уште нема, но е познато дека шпанскиот прволигаш уште од почетокот на сезоната има финансиски проблеми.

Актуелниот сопственик на Малага во сезоната 2012-2013 во клубот вложи само 8 милиони евра, а остатокот од средствата се инкасирани од продажба на играчи и учество во Лигата на шампионите.
притисни ентер