Премиерлигашите против одржување на Мундијалот во Катар во зима

Клубовите од англиската Премиер лига не го прифаќаат новиот понуден термин за одржување на Светското првенство во 2022 година во Катар.





Во светската фудбалска јавност веќе подол период се води полемика околу тоа дека Мундијалот во катар во 2022 година наместо во традиционалниот летен термин (јуни- Јули) , поради огромните температури во тој дел на светот во овој период од годината, да се одржи во зимските месеци (јануари –февруари).

Потпретседателот на ФИФА Џим Бојс , кој воедно ја преставува Велика Британија во оваа организација , смета дека турнирот би требал да се одржи на почетокот од годината , бидејќи на тој начин би се намалила опасноста од здравствени проблеми за фудбалерите и навивачите, што можат да бидат предизвикани од прекумерната топлина.

Бојс ги советуваше најдобрите клубови од Англија да го прифатат овој предлог, но тие сепак не го послушаа.
Не го прифаќаме предлогот Мундијалот во Катар во 2022 да се игра во зима, поради очигледна причина тоа би имало огромно влијание на националните лиги, е ставот на Премиерлигашите кои го пренесоа медиумите од Британија.

Инаку организаторите на Светското првенство во Катар најавуваат дека сите стадиони на кои ќе се играат натпреварите ќе бидат климатизирани и дека високите температури нема да бидат проблем за фудбалерите, но генералниот секретар на ФИФА Жером Валк неодамна порача дека лекарскиот тим на светската фудбалска федерација ќе изврши обемно и детално истражување кое многу ќе влијае на конечната одлука во кој период од годината е најдобри да се одржи Светското првенство во Катар во 2022 година.

Пошумување на Глишички рид во Кавадарци

Пошумување на Глишички рид се реализираше денеска во близина на Кавадарци, акцијата беше во организација на кавадаречката локална  самоуправа, во соработка со еколошкото друштво ,,Еко - живот" и ученици од трите средни училишта во градот. 

Доне Илов, раководител на сектор за животна средина при Општината, рече дека шеста година по ред, се посадуваат садници на ерозивни подрачја.

- Пролетва ќе бидат продадени околу 2.5 илјади садници. Овојпат посадуваме багрем, додаде тој.

Претседателот на ,,Еко - живот", Роберто Паризов апелираше и други субјекти во општината, да се вклучат во вакви и слични еколошки акции.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека последниве години во Општина Кавадарци се реконструираше целата постоечка јавна зелена површина, но се подигнаа и нови, на повеќе локации, со вкупна површина од над 130.000 метри квадратни.

- По цели 60 години со целосен автоматски систем за наводнување и нови содржини, реконструиран е Градскиот парк Љупчо Шкартов. Кавадарчани добија и нов парк, Киро Крстев, изграден според сите светски стандарди и богат со урбана опрема и зеленило. Во паркот на револуцијата пак, никна нов Дендро парк, богат со разновидни видови на растенија.

Исто така и локалитетот 12 Ваташки младинци е целосно хортикултурно уреден, појасни тој.

Шеста година по ред, додаде, секоја пролет и есен се пошумуваат и околните ерозивни подрачја што го напаѓаат градот.

- Три години се пошумуваше на Журов дол во село Ваташа, во изминатите три години таму се посадија 40.000 садници од чемпрес и багрем. Изминатите две и оваа веќе трета година, се пошумува на локалитетот Глишички рид, каде беа посадени досега 15.000 садници. Во ова пролетно пошумување, ќе се посадат уште 2.500 садници на багрем, а на есен се планира помасовно садење од 5.000 садници, информираше Јанчев.

Уапсени петмина новинари од независни медиуми во Русија

Петмина новинари кои работат за независни медиуми се уапсени синоќа и денеска во Русија, јави невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на репресијата во таа земја.

Околу полноќ полицијата ги приведе Екатерина Аникијевиќ од медиумот СОТА Вижн и Константин Жаров од РусЊуз, соопшти таа организација.

Жаров бил тепан од полицијата и му се заканувале со сексуално насилство, пренесе организацијата.

„Ме шутираа, ми ја ставаа ногата на глава, ми ги вртеа прстите, ме исмејуваа кога се обидов да станам“, рекол Жаров. Како што пренесува неговиот медиум Русњуз, тој кажал дека има повреда на главата, гребаници, изместени прсти и исчашувања.

Тој рече дека насилството било предизвикано поради снимањето во станот на другата новинарка Антонина Фаворскаја од СОТА Вижн, која синоќа била приведена веднаш по ослободувањето по 10 дена притвор поради непочитување на полицијата.

Синоќа е претресен станот на таа новинарка, како и нејзините родители, изјави нејзиниот адвокат Миахил Бирјуков.

Уште две новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, кои дојдоа да ја земат својата колешка на излегување од затвор, исто така се приведени и однесени на распит, јави СОТА Вижн.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

притисни ентер