Вилмотс задоволен од реми против Македонија во Скопје, репрезентација која зрачи со патриотизам

Знаеме дека контра-нападите се најсилното и најопасното оружје на македонската репрезентација, но она што посебно ми се допаѓа кај нашиот следен противник е патриотизмот.


Тоа сакам да го видам и кај мојот тим.

Ова е пораката на селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Марк Вилмотс од денешниот прв собир на оваа селекција во Брисел по повод претстојниот двомеч со Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Белгискиот селектор, има само пофални зборови за нашиот национален тим со кого најпрво в петок (22 март) ќе се сретнат на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, а четири дена подоцна, на 26 март е и возвратниот меч во Брисел.

- Ние не сме доволно патриоти како што се тоа Македонците и тоа е огромен квалитет за нашиот противник, искрен е селекторот на Белгија, Вилмотс, според кого е јасно дека в петок во Скопје ќе ги дочека специјална атмосфера на трибините, но дека Белгијците се навикнати на такво нешто и пред полни трибини веќе претходно славеа и тоа убедливо во Белград на Србија (3:0).

Јасно е, додава Вилмотс, дека натпреварот во Скопје ќе биде тврд, факт е дека моите играчи ќе имаат силни физички дуели, но тие се навикнати на тоа.
Свој коментар за престојаниот двомеч со Македонија даде и напаѓачот Бентеке.

- Македонците досега покажаа дека имаат голем квалитет, иако, освен Горан Пандев, немаат некои други познати фудбалери. Очекувам пеколна атмосфера во Скопје и искрено мислам и дека четири бода (реми и победа) од двата меча ќе биде добар резултат за нас. Се разбира, две победи во двомечот би било перфектно, но и нерешено на гости во Македонија нема да биде лошо, искрен е напаѓачот Бентеке.

Слично размислува и членот на Евертон Кевин Миралас . Белгискиот интернационалец е полн со пофални зборови за најпознатиот фудбалер во македонската репрезентација.
- Мечот в петок ќе биде многу тежок за нас оти Македонија е силен тим што игра многу добро дома. Го имате Горан Пандев кој е извонреден играч, играше во Интер, а сега е во Наполи. Има одлично чувство за гол, а одлично ги изведува и слободните удари. Ќе и биде тешко на нашата одбрана да го спречи, иако мислам дека голманот Тибот Куртоа и дефанзивците Компани, Вермален и Ван Бајтен ќе успеат да се справат со него, изјави Миралас за МИА.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер