Костелиќ најдобар на слаломот во Крањска Гора, Хиршер до малиот глобус

Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ е победник на претпоследниот слалом од Светскиот куп возен денеска во Крањска Гора, слалом на кој Австриецот Хиршер го обезбеди Кристалниот глобус во оваа дисциплина.

 
Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ е победник на претпоследниот слалом од Светскиот куп возен денеска во Крањска Гора, слалом на кој Австриецот Хиршер го обезбеди Кристалниот глобус во оваа дисциплина.
 
Искусниот Костелиќ до вториот триумф сезонава во Светскиот куп, а 26 во кариерата стигна со вкупно време по двете возења од 1-45-81 минута.
 
Второ време по двете возења имаше Австриецот Марсел Хиршер ,со второто место во Крањска Гора Хиршер го осигури Кристалниот глобус за најдобриот во слалом во Светскиот куп.
Одличниот ден за Австријците во Крањска Гора го комплетираше Марио Мат со освојување на третата позиција.  
 
 Поради лошите временски услови во текот на првата трка многу скијачи не успеаја да стигнат до целта.
Хиршер со денешното второ место  втора година во низа е најдобриот светски слаломист и освојувач на малиот Кристален Глобусќ
 
Австрискиот на една трка пред крајот има недостижни 880 бодови во редоследот во слалом, на втората позиција е Германецот феликс Нојројтер со 616 бода.
 
Марсел Хиршер е блиску и до големиот Кристален Глобус,извонредниот Австриец е лидер во генералниот пласман со 1375 бода , пред Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со заостаток од 149 бода. 
притисни ентер