СЕХА: Брест Мешков гостин на Металург во Автокоманда

Ракометарите на македонскиот шампион Металург вечерва од 18 часот во Автокоманда ќе го одиграат големото дерби на СЕХА лигата против третопласираниот тим во регионалното друштво белорускиот Брест Мешков.


 
 За металурзите ова ќе биде шанса за реванш по поразот од минатиот месец на гостувањето во Белорусија од 28- 26.

Избраниците на Лино Червар воедно вечерва со евентуален  триумф над Брест и теоретски ќе го обезбедат пласманот на завршниот фајнл фор турнир од СЕХА лигата.
 
Металург дуелот против лидерот од СЕХА лигата ќе го одиграат без тројца стандардни ракометари.
Младиот репрезентативец Дејан Манасков по тешката повреда заработена на последниот меч од групната фаза во  Лигата на шампионите пред време ја заврши сезоната.

За крилото на Металург денеска започна процесот на рехабилитација, Манасков вчера во Опатија имаше успешна операција на вкрстените лигаменти на левото колено. Вечерашниот меч во Автокоманда поради повреда ќе го прескокнат најверојатно о Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Вечерва во дресот на Металург на дуелот со Мешков се очекува да дебитира новото крило Коражија, во тимот сигурно ќе биде и стандардниот Наумче Мојсовски.

Пред големото дерби во Автокоманда Металург е лидер на табелата во СЕХА со 33 бода од 15 средби, пред Кроација Загреб со 32 , Брест е на третото место со натпревар помалку и 31 освоен бод на четвртата позиција е бранителот на тронот Вардар Про со 30 , тоа се најверојатно и четирите екипи кои годинава ќе се борат за шампионската титула во регионалното друштво.
притисни ентер