Мукаетов засега единствен кандидат за претседател на РФМ

Досегашниот член на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, генералниот директор на Алкалоид Живко Мукаетов од денеска и официјално е кандидат за претседател на РФМ.

Денеска на седницата на УО на нашата ракометна федерација беше доставена кандидатурата на Мукаетов со 41 потпис од делегатите на собранието на РФМ .
 
Во пресрет на саботното Изборното собрание на РФМ кое ќе се одржи во салата на Градското собрание, првиот човек на Алкалоид е единствениот кандидат за претседател на нашата ракометна федерација.
 
Управниот Одбор на РФМ денеска одлучи да распише конкурс за избор на нов селектор на нашата најдобра машка  репрезентација, воедно беше објавено дека конкурсот ќе трае во следните 8 дена.  
 
На денешната седница на УО директорот на нашата машка репрезентација Никола Панчевски побара на Изборното собрание во сабота да биде поставена и точка на дневниот ред, именување на досегашниот прв човек на Мак ракометот Михајло Михајловски за почесен претседател на РФМ, поради неговиот огромен придонес во развојот на ракометот кај нас. Михајло Михајловски веќе 30 години е дел од македонскиот ракомет на повеќе раководни функции.
притисни ентер