Најдобриот свести тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на титулата на турнирот во Дубаи, веќе се пресели во САД каде го очекува настапот на првиот АТП Мастерс 1000 во 2013 турнирот во Индијан Велс.
Престојот во САД, Ѓоковиќ го започна од Лос Анџелес, во Стејпл Центарот во Ел – Еј популарниот Ноле во живо ги гледаше Лејкерси против Атланта.
Лидерот во светскиот тенис уживаше во мајсториите на Коби Брајант и во триумфот на езерџиите над Атланта од 99-98.
Пред мечот Ѓоковиќ ја имаше таа чест да го почувствува и теренот во легендарниот храм на Лејкерси, популарниот тенисер упати неколку шута и успеа да погоди зад линијата 7,25.
Во соблекувалната на Лејкерси Ѓоковиќ имаше краток разговор со центарот на тимот од Лос Анџелес Двајт Хауард кој во младоста играл тенис.
-Сигурно сте имале убиствен сервис му порача со насмевка на лицета Ѓоковиќ на најдобриот центар на денешнината.
„Секако но бекхендот беше моето главно оружје“, одговори високиот Хауард и покажа како ги победувал противниците на тенискиот терен.