Реал М. ја понижи Барселона на Камп Ноу

Реал Мадрид е првиот финалист во шпанскиот Куп На кралот откако синоќа во 224 Ел Класико одигран во рамките на полуфиналето на Камп Ноу го понижи големиот ривал Барселона со 3-1, на првиот меч на Сантијаго Бернабеу немаше победник и заврши 1-1.

По повеќе од една деценија ова е првиот триумф на Реал на Камп Ноу со два гола разлика, последен пат тоа се случи во април во 2002 година.


Синоќа Барселона уште еднаш покажа дека е во резултатска и играчка криза, Каталонците како и на мечот против Милан повторно беа без вистинска идеја и многу тешко го пронаоѓаа патот до противничкиот гол. Од друга страна пак Реал синоќа одигра максимално сконцентрирано во одбраната и ги искористи сите грешки на противникот.

Кралевите од Мадрид својата игра ја базираа на контра и не погрешија, првите два гола тимот на Мурињо ги постигна од две брзи акции , со кои беше трасиран патот кон триумфот над Барселона и пласманот во финалето на Купот на Кралот.

Реал поведе уште во 13 минута со голот од пенал на Роналдо. Токму Португалецот од страна на Пике беше соборен во шеснаесетникот на Барселона.

Во 57 минута кралевите го зголемуваат водството на 2-0 повторно преку расположениот Роналдо. Но сега во главна улога беше Аргентинецот Ди Мариа, кој откако добро го „измести“ капитенот на Барса Пујол биеше кон голот, одбиената топка од Пинто среќно стигна до Роналдо кој повторно беше немилосрден Камп Ноу е во шок Реал води со 2-0.

Десетина минути подоцна во 68 минута младиот Варан е највисок пред голот на Барселона по корнерот на Озел, Пинто по трет пат е принуден на капитулација.

Конечниот епилог на 224 Ел Класико Барселона – Реал Мадрид 1-3, го постави Жорди Алба во 89 минута.
Барселона е во резултатска криза од која ќе мора брзо да се извлече ако сака да се врати во игра за пласман во ¼ финалето од Лигата на шампионите, следната недела на Камп Ноу против Милан ќе мора да ја надокнадува негативата од два гола од Милано, а веќе в сабота ја очекува уште една пресметка со најголемиот ривал Реал во првенството во кое е убедлив лидер.

За вториот финалист во шпанскиот Куп на Кралот вечерва ќе решаваат Севиља и Атлетико Мадрид, на Винсенте Калдерон по првите 90 минути од полуфиналето беше 2-1 за Атлетико.

Крсте Галевски

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски.

Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба.

Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес. Коцевски изрази целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Заеднички е констатирано дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока е потенцирана улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Нагласено беше очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

притисни ентер