Манасков имаше „блиска“ средба со катарските голмани (ФОТО)

Дејан Манасков е втор македонски ракометар по ефикасност на ова СП, тој на двата меча постигна 11 погодоци, речиси сите од брзи контранапади.

Тоа што е препознатливо за еден од најдобрите млади играчи на овој Мундијал е неговиот голем одраз, но и „внесувањето во лице’ на голманите и поентирањето од два метри. Така беше и на дуелот со Катар, кога Манасков постигна шет погодоци од шест обиди, а на фотографиите се гледа неговиот стил – двајцата чувари не мрежата речиси да се судрија со левото крило на македонската репрезентација.
притисни ентер