Годинава една трка помалку во Формула 1

Сопственикот на формула 1 Бени Еклстон дефинитивно потврди дека оваа година светскиот шампионат ќе има 19 трки, односно една помалку во однос на минатата. Тој вели дека терминот на 21 јули едноставно ќе остане празен.

Еклстон појасни дека во Австрија, која истакна кандидатура за трка во Спилберг, нема да биде организатор на големата награда на Европа заради неповолните сместувачки капацитети во тој дел на земјата.

СЗО: Известувањето до ОН за повлекување на САД од СЗО е добиена на 6 јули

Светската здравствена организација доби извештаи дека САД официјално го известиле Генералниот секретар на ОН за повлекувањето од СЗО.

Известувањето до Генералниот секретар на ОН за повлекување од СЗО е добиена на 6 јули 2021 година“, се вели во изјавата на портпарол на СЗО. „засега немаме повеќе информации“, додаде тој.

ОН вчера објавија дека добиле официјално известување за одлуката на Доналд Трамп пред повеќе од еден месец. 

Информацијата за повлекување на САД од СЗО за првпат ја пренесе сенаторот Роберт Менедез, кој на твитер објави дека конгресот добил текст во кој Трамп и официјално ја повлекува државата од таа организација.

Веднаш потоа, американските власти ја потврдија информацијата, во која се наведува дека повлекувањето ќе стапи на сила за една година, односно на 6 јули 2021 година.

МВР: Регистрирани се 415 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република  Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 415 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Влез во земјава само со ПСР тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора – препорача Комисијата за заразни болести

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

притисни ентер