На Босанскиот генерал му пресудиле снимките од 94 година

Босанскиот генерал Атиф Дудаковиќ е уапсен со уште 12 офицери во Бихаќ под обвинение за извршени злосторства над Србите во 90 – тите години.
На апсењето на Дудаковиќ , кој за Босанците е воен херој реагираат здруженијата на ветераните од Босна и Херцеговина и од Хрватска. Од друга страна во Република Српска веста за апсењето е примена со воодушевување.

Дудаковиќ за време на војната во Босна , бил генерал на петтиот корус со седиште во Бихаќ и околината. Истрагата против Дудаковиќ трае 12 години , а обвинението против него и неговите офицери го поднеле во 2006 претседателот и премиерот на Република Српска , Драган Чавиќ и Милорад Додик.

На едно од видеата кои се користат како доказ против генералот , се гледа како наредува смрт за двајца затвореници кои претходно голи ги возат на тенк.

Полицијата употреби солзавец во Хонг Конг

Демонстрантите во Хонг Конг денеска запалија кинеско знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Полицијата обвини некои демонстранти дека фрлале молотови коктели по маршот на повеќе од илјада лица во Туен Мун, област во северозападниот дел на градот.

Демонстрантите поминале околу два километри од игралиште до зградата на Владата.

Многу од нив биле облечени во црно и носеле чадори, симбол на нивното движење.

Протестот бил релативно мал во однос на претходните демнострации кои се одржуваат секој викенд од јуни.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

притисни ентер