Дебата „Како до праведно оданочување“

По кратка пауза, во јавноста продолжи дебатата за најавените можни промени во даночниот систем. Експертите и понатаму апалираа да не се брза со одлуките.
Месечните примања од илјада евра, не се луксуз за нашиот животен стандард, смета Оливер Митов од Центарот за правни истражувања и анализи. На денешната јавна дебата „Како до праведно одданочување“, учесниците апелираа до Владата даночната реформа да претходи на суштински анализи.

Доколку не се направат добри анализи, би можеле да имаме несакани ефекти, кои би удриле на најранливите, сметаат невладините.
Најпрво би можело да се удри на данокот на капитал, смета даночниот експерт Славко Лазовски.

Сепак кај нас се води дебата само за персоналниот данок, а сите останати ќе останат исти, изјави вицепремиерот Анѓушев.
Што покажуваат статиските - Во соседна Албанија има три стапки, за кои првата е 0. Односно за приходи до 232 евра, воопшто не се плаќа. За месечни примања од илјада евра , стапката е 13%, а за приход од над илјада евра, стапката изнесува 23%.
Инаку Шведска во Европа е земјата каде граѓаните се даночат најмногу. Во моментов највисоката стапка изнесува 61,8 проценти. А во Данска 50%.

Учесниците на дебатата велат, во Данска, можеби стапката е висока, но граѓаните гледаат бенефит од нивните пари. Најважно е, велат граѓаните да знаат каде им одат нивните пари- само така ќе се натерале да плаќаат повисоки даноци.


Еко-акција за чистење на парк шумата Гази Баба

Во Еко-акција, организираа Општина Гази Баба и град Скопје, заедно со ЈКП „Гази Баба" и ЈП „Паркови и зеленило", со поддршка на „Акцијаши" – Скопје, денеска беа исчистени  пристапните патеки и неколку критични локации во парк шумата „Гази

Од Општината информираат дека во следната фаза започнуваат со обнова и поставување на нова урбана опрема во парк шумата. Нов модерен парк за миленици ќе биде новата содржина што ќе ја краси парк шумата Гази Баба, а на повеќе локации низ самата парк шума ќе бидат поставени реквизити за миленици и посебна урбана опрема.

– Целта на оваа акција е да бидеме пример за сите оние кои ја загадуваат животната средина. Да им покажеме дека кога сме во природа, треба и ѓубрето кое што сме го направиле, да го собереме и фрлиме во соодветни контејнери, истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски. 

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин.

Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата за спречување на тепачката која избила во четвртокот вечерта на плоштадот Александерплац во германскиот главен град.

Полицијата соопшти дека уапсени се девет лица, а се претпоставува дека тепачката била организирана, со оглед дека се собрале повеќе од 400 луѓе, откако двајца главни поттикнувачи на инцидентот, ги повикале своите обожаватели да им се придружат на соочувањето.

Тензиите ескалирале, по што избила голема гужва меѓу 50-на луѓе.

 

Во Струмица продолжи акцијата за чистење диви депонии

Продолжува акциjата за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни активности на ЈПКД „Комуналец" во соработка со општината и голема помош со механизација на дел од приватниот сектор. 

Денес се чистеа диви депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково.

Раководителот на секторот „Комунална хигиена" при ЈПКД „Комуналц",Бранко Горѓиев, информираше дека првата недела од акцијата за чистење на дивите депонии биле подигнати 1.370 метри кубни отпад, а исчистени се депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча.

-Со овие акции се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, рече Горѓиев,

Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец", Зоран Горгиев и денеска повторно упатија апел до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии и да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас./МИА

притисни ентер