Во зачините е лекот за сите болки (рецепти)

Постарите велат дека природата ни дала лек за се, на нас останува да откриеме како да ги користиме сите работи кои се дел од неа.

Дали сте знаеле дека рузмарин може да ви помогне да имате подобра меморија, а босилек да ја излечи вашата настинка?
Така и зачините може да ви помогнат да се изборите со различни здравствени состојби, пишува HealthyDefinition. Веќе илјадници години, зачините се сметаат за најдобри природни лекови, бидејќи немаат штетни последици и не содржат токсични хемикалии.
Овие зачини лечат:
Морско оревче – го намалува крвниот притисок
Ким – го спречува ракот
Мајчина душица – лечи кашлица
Рузмарин – ја подобрува меморијата
Куркума – го потиснува воспалението
Цимет – помага во лечењето на дијабетес тип 2
Ѓумбир – елиминира мачнини
Босилек- го забрзува лекувањето на настинка
Каранфилче – ја ублажува болката од артритис


Бонус рецепти:
*Чај од магданос за подобрување на видот: Лажичка исечкан магданос се вари со 2-3 дл. вода околу 2 минути. Се пие подолго време, 1 до 2 филџани дневно.
*Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Консумирајте ѓумбир одговорно, не повеќе од 4 грама дневно. Начин на употреба: Помешајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав со млака вода и испијте ја мешавината наутро, 30 минути пред појадокот.
*Лековит пијалак од каранфилче и цимет: Каранфилчето и стапчињата цимет пропуштете ги во тубето со вода. Убаво затворете го и ставете го да стои 4 до 5 дена во фрижидер. После тој период, почнете да го пиете – секое утро по 100 мл. на празен желудник, веднаш откако ќе станете од спиење. Нема правила после тоа – може да се пие и да се јаде што било, важно е само да се почитува горенаведеното правило.
Се прават 3 вакви дози, и се пијат една по друга. Кога ќе се испијат тие, се прави пауза од 15 дена и потоа, по желба, се продолжува со нова доза. 1 доза трае околу месец и половина, па така организмот има доволно време и да се прочисти од токсините и да заздрави.

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер