ВМРО-ДПМНЕ:Заев го деградираше правото и ја урниса правната држава

Зоран Заев е единствениот политичар во Европа, кој врши државна функција, а во исто време е обвинет за земање мито, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев .
Целата македонска јавност го виде видео записот, од кој се слуша како Заев бара поткуп во висина од 200.000 евра.
Граѓаните видоа и слушнаа како Заев барал поткуп од 1 евро по метар квадратен за легализација на градежно земјиште, по едно за Вицето, партија и црквата. Граѓаните го слушнаа Заев кој вели дека начинот преку поткуп да се легализира градежно земјиште е редовен начин на работа.
Заев го деградираше правото и ја урниса правната држава. Заев  од судот направи фарса и средство за потсмев. Додека рочиштата за политичките неистомисленици на Заев се закажуваат во континуитет, Заев  прави пародија од судството.
Граѓаните слушнаа како со нивни пари се распишуваат 320 милионски тендери со ограничувачки критериуми само за една фирма, блиска до врвот на власта.
Институциите молчат и не постапуваат. Правосудството е во грч. Ова безаконие мора да запре. За секое незаконско дејствие мора да има одговорност, без разлика за кого се работи. Граѓаните очекуваат правдата  да важи за сите. Ова  незаконие мора да запре, се наведува во реакцијата.

Дали МВР ќе врши претрес и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

МВР и натаму трага по Груевски 

Полицијата вечерва ја продолжи  потрагата по Никола Груевски откако по распишаната потерница не го најде во неговиот дом во два наврати. Последна дестинација каде полицијата вршеше претрес беше околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и подземната гаража каде беа претресувани возилата кои си заминуваа од палатата Христо Татарчев.

Канал 5 има екипа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таму е колегата Михајло Видимлиски.

Столтенберг: Целосно бесмислено е НАТО и ЕУ да бидат противници

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска по повод расправата за формирање на “европска војска“ предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.

„Задоволни сме поради засилените напори на ЕУ на полето на одбраната....добра работа е доколку европските сојузници имаат поголеми капацитети, доколку подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е тоа дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури“ – изјавил Столтенберг на “Форумот НАТО-индустрија“ во Берлин.

Тој оценил дека НАТО и ЕУ “всушност им е потребен еден силен и стручен команден систем“, пренесуваат хрватските медиуми.

„Не можеме да ги делиме ресурсите на половина...за земја како што е Германија би било целосно бесмислено да допушти НАТО и ЕУ да бидат противници, бидејќи Германија, како и повеќето членки на НАТО е воедно и членка на ЕУ“ – порачал Столтенберг.

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да бега

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.

– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ.

Тој рече дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

притисни ентер