Османи му го предаде на Жбогар извештајот за реализацијата на Планот 3-6-9

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во пресрет на утрешното излегување на Извештајот за состојбите и напредокот на Република Македонија, на евроамбасадорот Самуел Жбогар му го предаде финалниот фактографски извештај за реализација и имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 .
Реализиравме преку 90 отсто од предвидените реформи во Планот 3-6-9 и 100 отсто од неговата суштина. Планот ја постигна неговата цели ја врати земјата на евроатланскиот пат, истакна Османи при предавањето на извештајот на евроамбасадорот Жбогар, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
Османи додал дека согласно испорачаните резултати, очекува убави вести утре од Брисел за Македонија, при претставувањето на Извештајот на Европската Комисија за земјава.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година, по изгласувањето на новата Влада, чија цел беше одмрзнување на реформскиот процес во Република Македонија и враќање на државата на евроатланскиот пат. Делот три беше финализиран со одржување на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, додека делот шест заврши со излегување на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025, посочуваат од СЕП.

Периодот за имплементација на делот девет, т.е. на целиот План 3-6-9 истекува утре, 17 април, со објавување на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава. За таа цел, вечерва точно на полноќ, деталниот Фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9 ќе биде објавен на веб страната на Секретаријатот за европски прашања wwe.sep.gov.mk.

Дали МВР ќе врши претрес и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

МВР и натаму трага по Груевски 

Полицијата вечерва ја продолжи  потрагата по Никола Груевски откако по распишаната потерница не го најде во неговиот дом во два наврати. Последна дестинација каде полицијата вршеше претрес беше околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и подземната гаража каде беа претресувани возилата кои си заминуваа од палатата Христо Татарчев.

Канал 5 има екипа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таму е колегата Михајло Видимлиски.

Столтенберг: Целосно бесмислено е НАТО и ЕУ да бидат противници

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска по повод расправата за формирање на “европска војска“ предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.

„Задоволни сме поради засилените напори на ЕУ на полето на одбраната....добра работа е доколку европските сојузници имаат поголеми капацитети, доколку подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е тоа дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури“ – изјавил Столтенберг на “Форумот НАТО-индустрија“ во Берлин.

Тој оценил дека НАТО и ЕУ “всушност им е потребен еден силен и стручен команден систем“, пренесуваат хрватските медиуми.

„Не можеме да ги делиме ресурсите на половина...за земја како што е Германија би било целосно бесмислено да допушти НАТО и ЕУ да бидат противници, бидејќи Германија, како и повеќето членки на НАТО е воедно и членка на ЕУ“ – порачал Столтенберг.

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да бега

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.

– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ.

Тој рече дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

притисни ентер