Заложничка драма во првата класа на авион- плачот на стјуардесата ги разбудил патниците

Авион на Ер Чајна морал принудно да слета поради заложничка драма во првата класа.
Еден од патниците утрово земал за заложник стјуардеса и се заканил дека ќе ја прободе со пенкало во вратот. Во моментот кога ја зграпчил стјуардесата другите патници во првата класа спиеле и наеднаш ги разбудиле криците на стјуардесата. Авионот наместо во 11 .00 часот да слета во пекинг , принудно слетал во 9.40 на аеродромот во Женгжу. Според соопштението на Кинеската цивилна авијација, драмата успешно била решена во 13.17 часот.

На аеродромската писта во Женгжу попладнето имало бројни спасувачки екипи , но за среќа , патниците и екипажот се неповредени.

Според очевидците, стјуардесите успеале да ги задржат патниците од економскиот дел на своите места за да не дојде до поголема паника.

Аеродромските власти не објавуваат детали како точно завршила драмата , кои биле мотивите на патникот и што се случило со него.

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер