Јазбец: Нормално е Македонија да ја очекува препораката за ЕУ

Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец при денешната посета на Штип го искажа својот оптимизам дека Македонија ќе ја добие препораката за членство во ЕУ, и покрај тоа што и понатаму треба да се работи на реформите.
- Но, јас мислам дека со оглед на она што оваа Влада направи во последните месеци, со интензивно темпо, сосема е нормално да се очекува препораката, па и со оглед на познатите факти кога Македонија го прими статусот на кандидат за ЕУ, и колку долго се очекува почетокот на преговорите. Така што јас мислам дека овде можеме да бидеме оптимисти, немаме информации, но ќе дознаеме брзо, вели Јазбец.

Тој истакна дека администрацијата не треба да се разочарува што толку време се чека на препораката, туку треба да се мотивира да работи на решавање на обичните проблеми на граѓаните. Како што посочи, кога дошол во македонија не знаел дека Скопје и Тетово се едни од најзагадените градови во Европа.

- Овде не ви требаат никакви ЕУ препораки, никакво отварање на поглавје. Тоа може да се сработи, заради животните услови, заради сите граѓани кои живеат во Тетово, кои живеат во Македонија и тоа е најдобар притисок на Европската унија, за да мисијата тргне побрзо. Сакам да кажам дека едно е формалното членство во ЕУ и формалните преговори и почетокот на отварање на поглавјата и сите оние документи, кои треба да се сработат. Ние поминавме низ овој пат и многу пати не болеше главата. Но, најважно е да се работи на реформите, проментите, за луѓето подобро да живеат, вели Јазбец.

Прашан зошто Словенија не се одлучи за протерување на руски претставник, како што направи Македонија, Јазбец со дипломатски одговор дека Словенија поддржала други договори, кои што се однесуваат на задолжително почитување на Конвенциите и практиките на подрачјето за забранување на употребата на хемиско оружје. /МИА

Лидерот на терористите во Шри Ланка се разнел во еден од нападите (ВИДЕО)

Наводниот лидер на нападите во Шри Ланка на католичкиот Велигден загинал во еден од нападите, соопшти претседателот на земјата Маитрипала Сирисена, пренесува Би-Би-Си.

Сирисена изјави дека се работи за Захран Хашим, кој бил радикализирани проповедник, а загинал во еден од хотелите во кој е извршен бомбашки напад во Коломбо.

Токму Хашим го предводел нападот врз популарната туристичка дестинација, придружуван од втор бомбаш-самоубиец, идентификуван како „Илхам“.. Најмалку 250 луѓе загинаа во серија од бомбашки напади минатата недела, чија цел беа повеќе цркви и елитни хотели на повеќе локации во Шри Ланка.

 Претседателот на земјата исто така рече дека разузнавачките служби во Шри Ланка имаат околу 130 осомничени поврзани со нападите на групата која има врски со Исламската држава, додека полицијата сè уште трага по 70 лица кои се во бегство.

Ким: Мирот на Корејскиот полуостров ќе зависи од САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Владивосток изјави дека мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров во целост ќе зависи од идниот став на САД.

,,Ситуацијата на Корејскиот полуостров и во регионот сега ја достигна критичната точка, од која би можела да се врати во првобитната состојба откако САД зазедоа унилатерален став во лоша смисла на неодамнешниот, втор по ред, самит и преговори помеѓу Северна Кореја и САД, наведе Ким.

Агенцијата исто така објави дека Русија и Северна Кореја се договориле да преземат позитивни мерки во повеќе области со цел да ја унапредат соработката, вклучително и во економијата, трговијата, науката и технологијата, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Макрон: Франција не е на погрешен пат

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговата земја не се наоѓа на погрешен пат и најави нови реформи како одговор на протестите на „Жолтите елеци“.

,,Се запрашав дали треба да прекинеме се што е направено во изминатите две години, дали сме на погрешен пат, но јас верувам во спротивното, истакна Маркон синоќа на една од ретките прес-конференции како одговор на повеќе месечните протести на „Жолтите елеци“.

Тој нагласи дека мора да се обезбеди подобро функционирање на јавните услуги во помалите места и „мора да се гарантира пристап за сите здравствени служби, како и да се гарантира дека ниту едно училиште или болница нема да бидат затворени без одобрение на градоначалниците“.

Макрон се осврна и на пензиите, додавајќи дека Владата планира да ги зголеми најниските пензии со растот на инфлацијата..

притисни ентер