Пијано маратон на Дуња Иванова на плоштадот „Македонија“

Пијанистката Дуња Иванова денеска на плоштадот „Македонија“ ќе одржи тричасовен концерт насовен „Наминување“.
Наспроти конвенционалниот начин на следење солистички концерти за пијано, кои претпоставуваат посебна подготовка, планирање, концертна сала, програма итн., слушатели на овој нестандарден концерт ќе бидат случајни минувачи во понеделник - од пладне во наредните 180 минути.

Идејата за ваква форма на прем на современиот звук за пијано е квалитетната музика да ги пресретне слушателите кога тие се неподготвени за неа.

Пијанистката ќе изведе дела на истакнати современи автори меѓу кои: Глас, Сакамото, Најман, Перт, Еинауди, Прајснер, Ливингстон, Бернштајн, Еванс, како и Битлси, Коен... 

Концертот на Иванова е дел од поддржаните проекти на годинашниот конкурс од областа на културата на Град Скопје. /МИА


Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер