ЗСРМ: Во стручните служби на училиштата да се вработуваат и социјални работници

Здружението на социјални работници на Македонија искажува загриженост од видеото за врсничко насилство во училиштето во Неготино и смета дека социјалниот работник треба да биде дел од стручните служби во училиштата.
Во реакција до медиумите посочува дека  психичкото вознемирување, физичкото малтретирање, социјалната изолација, сексуалното злоупотребување, а во поново време и насилството на интернет стануваат сериозен психосоцијален проблем со кој се соочуваат се поголем број основци и средношколци.

Укажува дека наставниците немаат доволно информации за тоа како да се справат со врсничкото насилство, а стручните тимови во кои отсуствува социјалниот работник најчесто се ограничени во својата дејност и не се во можност да ја дадат неопходната социјална поддршка која им е потребна на учениците.

Одговорноста за ваквите случувања ја гледаме во министерството за образование и наука, кое повеќе од 20 години воопшто не го препознава социјалниот работник како стручно лице кое игра клучна улога во справување со ваквите случаи и ретко е дел од стручните служби во училиштата, се вели во соопштението на здружението на социјални работници. 

Во Љубљана се одржа прв протест на трансродни лица

Десетина трансродни лица , протестираа низ Љубљана со барање државата да им ја олесни процедурата во впишувањето на промената на полот во личните документи.

Трансродните лица се собраа во парк во Љубљана и ги претставија своите барања , а потоа протестот го продолжија пред Министерството за внатрешни работи.

Претседателот на здружението ,, ТрансАкција” , Лин Џулиан Колетник изјави дека со овој протест сакаат да предупредат на кршење на човековите права на трансродните лица.

Одбележани 60 години на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 ноември“

Во малата сала на Македонскиот народен театар, попладнево, се одбележа  60 годишниот јубилеј од  постоењето на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ - Скопје.

На Денот на ослободувањето на главниот град, една од најстарите здравствени установи во Македонија се стекна со наградата „13 Ноември“, за големиот и значаен придонес во сферата на здравствената заштита и грижа за повозрасните лица. Во рамки на манифестацијата, директорката на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Салија Љатиф – Петрушевска, му врачи благодарница на градоначалникот  Стефан Богоев, за несебичната поддршка и соработка со Општина Карпош.

Во состав на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, функционира и домот за стари лица „Мајка Тереза” кој се наоѓа во населбата Злокуќани, со кој Општина Карпош има постојана и успешна соработка.

Локалната самоуправа и градоначалникот Стефан Богоев често пати ги посетуваат лицата кои престојуваат во оваа установа во Карпош, а по тој повод се организираат и хуманитарни активности, при што се донира храна, облека, средства за хигиена и сл, се наведува во соопштението од општина Карпош.

Британија и ЕУ постигнаа начелен договор за Брегзит

Британија и Европската Унија конечно постигнаа начелен договор за Брегзит , а документот ќе се разгледува утре попладне.

Велика Британија и ЕУ дојдоа до согласнот  на нацрт-договорот  за Брегзит . Вечерва треба да бидат повикани министрите за да го разгледаат.

Официјалните претставници на Британија и ЕУ се согласија со нацрт-текстот на договорот  за Брегзит по неколку месечни преговори во Брисел.

Извор од кабинетот изјави за британските медиуми дека документот е договорен на техничко ниво од страна на официјални лица од двете страни по интензивните  разговори оваа недела.

Специјалниот состанок на кабинетот на Меј ќе се одржи утре , додека Тереза Мај бара помош од министрите.

Премиерката се состана со министрите во Даунинг стрит на поединечни разговори. По постигнатиот договор за текстот , фунтата се искачи наспроти доларот и еврото, но аналитичарите предупредија дека тоа би можело да биде краткотрајно, додека кабинетот и Парламентот сеуште не се согласиле со плановите за Брегзит.

притисни ентер