ФЕИТ отвора Центар за трансфер на технологии и иновации

Центар за трансфер на технологии и иновации (ИНОФЕИТ) ќе биде отворен денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).
Од ФЕИТ информираат дека на отворањето на Центарот ќе се обратат  деканот на овој факултет Димитар Ташковски, ректорот на УКИМ Никола Јанкулоски и министерката за образование и наука  Рената Дескоска.

- Центарот е замислен како место за интеракција помеѓу кадарот на ФЕИТ, студентите на ФЕИТ и индустриските партнери што треба да овозможи конекции и трансфер на технологии и нови иновативни идеи што треба да го помогнат економскиот раст на секторот и општеството во целина, велат од ФЕИТ. /МИА

Во Белорусија се одржуваат парламентарни избори

Во Белорусија денес се одржуваат парламентарни избори, на кои 516 кандидати се борат за 110 места во долниот дом на парламентот.

Изборите ќе бидат набљудувани од Западот за да се види колку слобода претседателот Александар Лукашенко ќе им овозможи на опозиционите кандидати, пренесува „Ројтерс“.

Националната изборна комисија соопштила дека до сега гласале повеќе од една третина од бирачите, односно 36 проценти, а „АП“ наведува дека постои опасност од манипулација на резултатите.

Опозицијата тврди дека гласањето е преполно со злоупотреби затоа што гласачките кутии не се чуваат, а пребројувањето на гласови се врши без присуство на набљудивачи.

По парламентарните, Белорусија наредната година ја очекуваат и претседателски избори.

Снегот во Франција и понатака прави проблеми

Околу 145.000 луѓе вчера биле без струја на југоистокот од Франција поради обилните врнежи од снег, соопштија од компанијата која управува со дистрибутивната мрежа.

Со прекин на струја се соочиле областите Дром, Изере, Рон, Лоар и Ардеш, се вели во соопштението и се додава дека техничките тимови работат на санација на проблемот.

Како што се наведува, невреме во четврток вечерта ја погоди источна и централна Франција и во еден период повеќе од 330.000 домови биле без електрична енергија.

Се намалува бројот на подржувачи за независна Каталонија

Самостојност на Каталонија подржуваат 41,9 проценти од жителите на таа шпанска покраина, а се противат 48,8 проценти.

Тоа го покажува анкетата на каталонската јавна институција за истражување на јавното мислење „ЦЕО“.

Анкетата била спроведена од 16 септември до 7 октомври, пред донесувањето пресуда за каталонските сепаратисти, а испитаниците одговарале на прашањето„Сакате ли Каталонија да биде самостојна држава?“

Анкетата покажала дека опаѓа бројот на оние кои бараат отцепување од Шпанија, имајќи во предвид дека пред референдумот во 2017 година за независност биле 48,7 проценти од испитаниците.

притисни ентер