СДСМ: Нотираниот напредок од „Фридом хаус“ - потврда за успешниот реформски процес започнат од Владата на СДСМ

Последниот извештај на „Фридом хаус“ во кој се нотира напредок во независност на медиумите и демократското владеење е уште една потврда за исправноста на започнатиот реформски процес од Владата предводена од СДСМ.
После долги години уназадување кога Македонија беше категоризирана како заробена држава извештајот на „Фридом хаус“ за првпат нотира дека во 2017 година постои напредок во националното демократско владеење и независноста на медиуми, а Македонија е категоризирана како „светла точка“ и држава која најмногу ветува дека е можен демократски пробив во Европа.

Ова се првични констатации, после само неколку месеци од преземањето на одговорноста од страна на СДСМ.

Реформскиот процес, ослободувањето и професионализацијата на државните институции што овозможуваат независни медиуми, професионални институции и неселективно владеење на правото ќе продолжи уште позасилено.

Напредокот на Македонија во сите сфери продолжува! /МИА

 

Поранешни вработени од „ОХИС" повторно на протест во Скопје

Поранешни вработени во скопската фабрика „Охис", која е во стечај, денеска повторно протестираат низ улиците во Скопје. 

Протестираат пред Парламентот по што, според најавите, ќе се движат кон Министерството за правда и кон Владата.

Бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

– Има нешто исплата но тоа се ситни пари. Недостигаат три до четири милиони евра за да се обештетат луѓето. Свесни сме дека граѓаните се нервозни, но не ни преостанува ништо друго освен да протестираме, велат вработените од „Охис".

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници. За денеска, како што велат, немаат најави за средба со некој од институциите. /МИА.

Српски и турски државјнин приведени на меѓународниот аеродром Скопје

 На граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" вчера на влез во земјава биле приведени еден српски и еден турски државјанин, за кои имало назначена мерка „А" (апси).

Како што денеска информираат од МВР, во 17,30 часот вчера на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" на влез во нашата држава, при вршење пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка "А" (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

– На 22.08.2019 во 21,00 часот на Граничниот премин "Меѓународен аеродром-Скопје", на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р.Турција евидира со мерка "Aпси". Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.

Во Берово отворен јавен повик за учество во општинско-корисна работа

 Во Берово отворен јавниот повик за учество во програмата Општинско-корисна работа. 

Оваа година право на учество во програмата „Од акција до еднакви можности," имаат евидентирани невработени лица, Роми и корисници на гарантирана минимална помош и лица со попреченост. Своето учество заинтересираните можат да го пријават во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Берово, најдоцна до 30 август годинава, информира Ѓоко Пеовски, координаторот во програмата.

-Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на патронажни/мобилни негователи, неговател на лице со посебни потреби, образовен помошник, училишен аниматор, музички соработници и геренто-домаќин. Предност за учество во овој циклус на Општинско-корисна работа ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во оваа програмата, информира Пеовски.

За учество во програмата на кандидатите кои ќе бидат избрани, како што додава, ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Согласно јавниот повик за периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа", тие не го губат статусот на невработено лице, при што се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување – Центар за вработување Берово со цел почитување на обврските согласно законот. На невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. 

притисни ентер