Талент каков што ретко се гледа:Начинот на кој тој го менува гласот е неверојатен!(видео)

Песната “Hello” од Адел ги урна сите рекорди и безброј пати е интерпретирана на различно начини, но вакво нешто досега никој не извел.
24 годишниот Крег ги имитирал гласовите на омилените ликови од анимираните филмови додека го пеел хитот на Адел.
Неговиот настап со брзина на светлината стана вирален, а ние денес го одбравме токму ова талентирано момче и неговиот несекојдневен талент да ви го разубават денот. 

Дали ви личат?Ова е внуката на славната Одри Хепбрн (фото)

Ема Катлин Хепберн Ферер (24), внуката на модната икона и актерката Одри Хепберн, ги воодушеви модните агенти со нејзината убавина.

Се прославила во 2014 година кога го снимила нејзиниот прв едиторијал за магазинот Harpers Bazar. Многумина модни дизајнери сметаат дека Ема има ѕвезден потенцијал сличен на нејзината славна баба.  

Ема никогаш не ја запознала нејзината баба затоа што се родиле година дена по нејзината смрт. Неодамна изјавила дека Одри никогаш не ја доживувала како славна актерка и икона на стилот, туку како дел од семејството.

Освен што се занимава со моделинг, Ема завршила и уметничка академија и е талентирана сликарка. Со години ги избегнуваше социјалните мрежи и се обидувала нејзиното потекло да не и влијае на изборите во животот.

Силно се залага за еманципација и еднаквост на мажите и жените ширум светот. Амбасадор е на организациите УНХЦР и УНИЦЕФ.

Има 24 години и е прогласен за најпосакуваниот ерген на светот (фото)

Неговата тетка беше покојната принцеза Дајана, а тој го привлече вниманието на светските медиуми со појавувањето на последната кралска венчавка во мај кога судбоносното „да“ го кажаа Меган Маркл и принцот Хари.

Луис Спенсер набрзо стана број еден ерген во светот. Луис ја носи титулата виконт од Алторп и е роден во 1994 година во истата болница во која Кејт Мидлтон ги роди сите три деца.

Неговиот татко е лордот Чарлс Спенсер, а мајка му е Викторија Локвуд, поранешна манекенка за кооја Ралф Лорен во една прилика изјавил дека е најубавата девојка на светот. Неговите родители се разведни, а татко му се женел уште два пати, па така Луис има помлад брат Едмунд и сестри Лара и Шарлот Дијана.

Луис  студент на Универзитет во Единбург и не е присутен на социјалните мрежи. Британските медиуми пишуваат дека не е во врска.

 

Meghan & Louis 😍

A post shared by Meghan Markle (@mmarklenews) on

Во два навивачки табори: Ана Курњикова и Енрике Иглесијас со бебињата го следат Мундијалот (фото)

Светското првенство фудбал го следи целата планета - стари, млади, мажи, но и понежниот пол. Гледање натпревари во друштво има посебна убавина, а особено е интересно кога сопружниците навиваат за различни екипи.

Мундијалот го следат и поранешната тенисерка Ана Курњикова и поп ѕвездата Енрике Иглесијас, со нивните шест месечни близнаци Николас и Луси.

Како изгледало бодрењето на фудбалски екипи познатите сопружници објавија на Инстаграм.

Ана држи едно од бебињата кое во рацете има играчка фудбалска топка на која пишува Русија, додека на телевизијата оди преносот на натпреварот Русија - Саудиска Арабија.

Енрике и другото бебе покажаа дека навиваат за Шпанија во натпреварот против Португалија.

 

#Россия #worldcup2018 #GoRussia

A post shared by 🐾 Anna 🎈Аня (@annakournikova) on

 

#worldcup #spain #portugal

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

притисни ентер