Кремљ: Односите меѓу Москва и Вашингтон не можат да паднат на пониско ниво

Односите меѓу Москва и Вашингтон не можат да паднат на пониско нови после заминувањето на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, наведуваат од Кремљ.
„Тешко дека можеме да паднеме пониско од подот, затоа во овој момент е малку веројатно дека треба да стравуваме од влошување на односите“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред новинарите.

Тој изрази надеж за “конструктивен и сериозен пристап во заедничките односи“ под новоименуваниот заменик на Тилерсон, поранешниот директор на ЦИА, Мајк Помпео.

„Таа надеш секогаш ќе остане“ – изјавил тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во вторникот ненадејно го смени Тилерсон и на негово место го постави Помпео, кој треба да добие потврда од Сенатот, каде се очекува да го прашаат за неговиот пристап кон Русија, наведува агенцијата „АП“.

Односите меѓу САД и Русија се влошија во последните години поради судирите во Украина и Сирија и наводно руско мешање во американската кампања.

Најмалку 25 повредени во експлозија во Германија

Најмалку 25 лица се повредени , од кои четворица потешко во експлозија во германскиот град Вупертал.

Експлозијата се случила нешто пред полноќ во станбена зграда  , што предизвикало паника кај граѓаните.

Пожарникарите неколку часа го гаснеле пожарот , а истрагата за причините е во тек.

Манчевски и Царовска: Обезбедување квалитетни јавни услуги достапни до сите граѓани е приоритет во нашата работа

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се обратија на министерската конференција што се одржува во Маракеш, Мароко.

Конференцијата се одржува во рамки на меѓународниот форум за јавна администрација на тема: "Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој", во организација на Обединетите Нации, се наведува во соопштението на Владата.

Министерот Манчевски и министерката Царовска, зборуваа за обезбедувањето на јавни услуги достапни за сите граѓани. На овој начин, потсетувајќи на заложбите за доближување на услугите што јавната администрација ги нуди, до граѓаните, го одбележаа и Меѓународниот ден на јавните услуги.

Министерот Манчевски се осврна на клучните принципи по кои се води Владата во своето работење, а тие се транспарентност и инклузивност во креирањето на политики и дигитализација на администрацијата.

„Во изминатата година превзедовме голем број на мерки и активности, во правец на вклучување на сите засегнати страни во започнатите процеси како и целосно информирање на јавноста за превземените активности. Во тој правец, беше одлуката за се зголеми бројот на денови за коменитрање на ЕНЕР, од 10 на 20 дена, со цел оставање на поголем простор за вклучување на граѓанските организации, академијата, бизнис заедницата и граѓаните при донесувањето на нови закони, измени на закони...Пример за вклучувањето на сите засегнати страни во креирањето на политики е изработката на сите стратегии на кои работеше и работи МИОА во моментов. Тоа се Стратегијата за реформа во јавната администрација, стратегијата за широкопојасен интернет, за отворени податоци и за сајбер безбедност“, истакна министерот Манчевски.

Што се однесува на зголемување на квалитетот и достапноста на јавните услуги, министерот Манчевски информираше за националниот портал за е-услуги, проектот „“Една точка за услуги“ и проектот за креирање на електронски идентитет на граѓаните.

„Сите овие проекти имаат една цел, а тоа е преку можностите што ги нуди дигитализацијата да ги донесеме услугите до граѓаните. Да го подобриме квалитетот и сликата за јавната администрација, како сервис во служба на граѓаните. Само кога граѓаните ќе ги имаат сите информации за работењето на институциите и ќе бидат вклучени во сите процеси, саом тогаш ќе имаме политики и мерки кои одговараат на потребите на сите граѓани“, заклучи министерот Манчевски.

Министерката Царовска зборуваше за заложбите и активностите на министерството за труд и социјална политика во однос на пристапноста до јавните услуги за сите категории на граѓани.

“Оваа Влада е целосно посветена на остварување на Целите за оддржлив развој. Наша крајна цел е да изградиме хумано општество на просперитет и благостојба за сите граѓани и никој да не биде изоставен. Само со обезбедување на добри услови за живот, достоинствен приход и квалитетни услуги, може да се надеваме на одржлив развој. Работиме интензивно на проширување ма мрежата на градинки, особено во руралните средини, воведување нови услуги на локално ниво како персонална асистенција, пилотирање на младинската гаранција и целосно реформирање на системот за социјална заштита”.

Министерката Царовска се осврна и на родовата еднаквост како клучен предуслов за равој на еднакво и демократко општество.

“Родовата еднаквост е моја лична заложба и програмска цел на Владата на Република Македонија. Преземавме значајни чекори во насока на искоренување на сиромаштијата кај жените. Со промена на законот за минимална плата се намалува разликата во платите меѓу мажите и жените. Ја ратификуваме Истанбулската конвенција за борба и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство”

Драма во Белгија – Црногорец ги дигна на нозе специјалците

Црногорец , кој носел експлозив на појасот , ја дигна на нозе полицијата во Белгија , која се сомневаше на терористички напад.

Црногорецот Елвис Калач (37) предизвика драма во гратчето Масенси. Биле повикани единиците за борба против тероризам , кога Црногорецот со експлозив на појасот со секира ја нападнал поранешната сопруга.

Откако видел дека нападот е неуспешен и се појавила полицијата , Калач испил отров од кој починал во болница. Полицијата по извршената истрага , утврдила дека експлозивот е лажен.

Според Црногорските медиуми , тој на жената и нанел сериозни повреди , но таа се опоравува во болница и е надвор од животна опасност.

притисни ентер