Актерот открива: Ја силуваа мајка ми, а јас и понатаму спијам со пиштол под перница

Откако со судска одлука заврши на десетдневно одвикнување, проблематичниот актер Шаја Лебуф се одлучи да проговори за изворите на своите проблеми.
Во првото интервју за магазинот „Ексвајер“ зборуваше зошто и ден денес спие со пиштол под перница. Имено, додека бил дете непознат маж ја силувал неговата мајка во станот во Тујунга. Шаја тогаш бил во кревет и се слушнал. Полицијата никогаш не го уапсила напаѓачот.

„Се смрзнав од страв. Кога минатата година бев на одвикнување ми рекоа дека имам ПТСП“ – изјавил тој.

„Првиот пат кога бев уапсен се дојде од тоа. Некој тип се заби во автомобилот на мојата мајка на паркингот, а моите мисли одеа кон тоа дека морам да ја одмаздам мојата мајка. Тргнав кон типот со нож, но не го употребив. Секогаш се плашам дека некој доаѓа. Цел свој живот“ – изјавил Шаја.

Шаја минатата година беше уапсен откако навредуваше полицајци на расистичка основа.

„Тоа што тогаш ми се случи беше ужасно. Мислите за надмоќта на белците, очајот, катастрофа. Бев во заблуда. Се обидов од себе да ја оттргнам вината за апсењето, упропастив се“ – раскажал и го замолил Холивуд да му прости.

„Ги искористив сите свои шанси, никој не сака да ми даде улога“.

Новозеландската премиерка одбра Маорско име за ќеркичката

Премиерката на Нов Зеланд , Џесинда Ардерн , која се породи во четвртокот на Инстаграм го објави името на бебето.

Ќеркичката ќе се вика Неве Те Ароха , во чест на маорското наследство на Нов Зеланд.37 годишната премиерка  и нејзиниот сопруг , ТВ водителот Кларк Гајфорд заеднички го избрале името .

Неве означува ,, блескава и озарена “ како и ,,снег“ , бидејќи девојчето е родено среде зима и тоа за време на Маорската нова година . Нејзиното второ име Те Ароха значи ,,љубов” на јазикот кој го говорат Маорите.

,,Името Те Ароха го одбравме поради количеството љубов со која го опсипавме бебето и пред да се роди “ ,  објаснува премиерката.Во чест на раѓањето на бебето Симфонискиот оркестар на Нов Зеланд ја сними Брамсовата приспивна песна ,,Cradle song” на јазикот Те Рео Маори, кој го говорат повеќето припадници на домородната заедница на островите на Пацификот.

Ѕвездата на ,,Сексот и градот” ја откри најголемата тајна – ,,Синот ми беше ќерка”

Ѕвездата на серијата ,,Сексот и градот “, Синтија Никсон ја откри неверојатната тајна за нејзиниот 21 годишен син.

Синтија Никсон (52) деновиве на Инстаграм се пофали дека нејзиниот син Самјуел дипломираше , но при тоа откри и еден неверојатен детал. Синот на Синтија се родил како девојче и се викал Саманта.

Со објавата ,Синтија сакала да го одбележи светскиот ден на трансродните лица и да укаже на борбата против нивната дискриминација. Инаку , Синтија го добила Самјуел во брак со поранешниот сопруг Дени Мозес , со кого го има и 15 годишниот син Чарлс.

Тие се разведоа во 2003 година за во 2012 Синтија да се венча со активистката Кристина Марињони. Со Кристина Синтија го доби синот Макс , кој е зачнат од донатор на сперма.

Сообраќајни полицајки во жешки панталони (ВИДЕО)

Сообраќајни полицајки во провокативни панталони го регулираат сообраќајот во Либан со цел да го зголемат бројот на туристи.

Либанските власти за оваа летна сезона подготвија посебна униформа за атрактивните полицајки . Тие во куси и тесни панталони и припиени маички го регулираат сообраќајот со цел да привлечат туристи од регионот.

,,Дури 99 проценти од туристите во медитеранските земји носат куси панталони и не гледам каде е проблемот ако и ние малку ја скусиме униформата .”, изјави градоначалникот на туристичкиот град Бруман , Пјер Акар .

Тој вели дека сака да ја смени црната слика која туристите ја имаат за Либан .

притисни ентер