Во МНТ се подготвува претставата „Дух“ на Дуковски, во режија на Јаниќијевиќ

Македонски народен театар соопшти дека интензивно се подготвува најновата претстава со работен наслов „Дух“, според последниот текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Премиера се очекува кон средината на април на големата сцена на МНТ.

По соработката на претставите „Дракула“ (2008) и „Силјан штркот шанца“ (2016), ова е уште една соработка на веќе докажаниот тандем Дуковски - Јаниќијевиќ, посочуваат од МНТ.

Драмата зборува за трагедијата на едно современо семејство, кое ја губи куќата поради долгови, и притоа немаат начин како да го исплатат долгот кон доверителите, на кои куќата им ја ставиле под залог. Низ темата е истакнат бунтот на главниот лик кон социјалната и морална навреда во современото општество.

Во претставата играат: Гораст Цветковски, Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ,Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски.

Сценографијата е на Велимир Жерновски, костимограф е Лидија Георгиевска, извршен продуцент е Виктор Рубен, а инспициент е Никола Кимовски.
Овој текст праизведбата ја имаше надвор од Македонија во 2015 година во Српско народно позориште, Нови Сад, во режија на Александар Поповски, а во септември 2016 година и во Белград, во режија на Милан Нешковиќ, истакнуваат од МНТ.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

притисни ентер